Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Фармацевтски фирми ги блокираат евтините генерички лекови

Европските пациенти дале околу три милијарди евра повеќе за лекови во 2000-2007 година

БРИСЕЛ – Европските пациенти требале да платат околу три милијарди евра повеќе за лекови во периодот 2000-2007 година, бидејќи фармацевтските компании намерно ја одложувале продажбата на поевтини генерички верзии, тврдат антитрустовски регулатори на ЕУ. Истрагата кај големите фармацевтски компании,вклучувајќи ги „Фајзер“, „Глаксосмитклајн“ и „Санофи авентис“, покажа дека тие го блокирале или одложиле влезот на генеричките лекови на пазарот за да спречат губење приходи од своите попрофитабилни лекови, соопшти Европската комисија.

Фармацевтските компании користеле скапи правни мерки за да спречат компаниите за генерички лекови да произведуваат нивни верзии лекови откако ќе истечат патентите, истакна извршното тело на ЕУ. Тие поведувале спорови, тужби и повеќекратни патентирани апликации за истиот лек. Во еден случај биле поднесени 1.300 апликации. Парниците за патенти траеле во просек три години, а генеричките компании добиле околу 60 отсто од случаите, соопшти ЕУ.

Компаниите за лекови, исто така, постигнале договори кои ограничувале за да може да се продаваат генеричките верзии, дополнети со исплати на над 200 милиони евра од првокласните на генеричките ривали.

Севкупно, ЕУ истакнува дека таа тактика го прекинала процесот во кој цената на лекот вообичаено паѓа 20 отсто во првата година кога станува достапна генеричката верзија. Просечното одложување на продажбата на генеричките лекови било седум месеци, а го чинело европскиот систем за здравствена заштита околу три милијарди евра.

Дваесет и седумте членки на ЕУ трошат 200 милијарди евра за лекови секоја година, или 400 евра по лице. Поголем дел од тоа минува низ државните програми за здравствено осигурување.

Комесарот на ЕУ за конкуренција, Нели Кроес, истакна во едно соопштение дека прелиминарната истрага покажала оти нови и достапни лекови „понекогаш биле блокирани или одложени на значителен трошок на системите за здравствена заштита, потрошувачите и даночните обврзници“. „Конкуренцијата на фармацевтскиот пазар е значајна за луѓето да добијат достапни и иновативни лекови и да бидат сигурни дека даночните обврзници добиваат најдобра вредност за парите од нивните системи за здравствена заштита“, истакнаа таа во соопштението. Кроес рече дека Комисијата на ЕУ нема да се двоуми да започне антитрустовски постапки против компаниите кои можеби ги прекршиле правилата на ЕУ. (Дописничко биро на ВАЦ)


Статијата е прочитана 436 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Одбиени речиси сите амандмани за енергетика на опозицијата
Владата заборави на најпогодените сектори
Фабриката „Колска“ не се продава
Посебен оддел за земјоделците во Прокредит банка
Кризата ќе ги намали инвестициите во туризмот
Расте бројот на патници во железницата
Нови дневни ограничувања на берзата
Не се намалуваат квотите за нафта на ОПЕК
Невработеноста во ЕУ се искачи на 7,7 отсто