Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Обама побара крај на поделбите

„Дојде време светот да почне да се движи во нова насока“, рече американскиот претседател во ОН

„Дојде време светот да почне да се движи во нова насока“, рече американскиот претседател на првиот настап пред делегатите во Њујорк.

„Мора да почнеме нова ера на ангажман заснован на заеднички интерес и заемна почит. Нашата работа мора да почне сега!“

Според Обама, САД се подготвени да преземат водство, но потребно е сите да дејствуваат. „Исто како што ниту една земја не може да се изолира од светот, не може ниту која било земја, сеедно колку голема и моќна, сама да одговори на предизвиците“, рече Обама, нагласувајќи: „Со зборови и дела баравме нова ера на ангажирање со светот и сега е време за сите нас да ја поделиме одговорноста за да дадеме глобален одговор на глобалните предизвици“.

Шведскиот премиер и актуелен претседавач на ЕУ, Фредерик Рајнфелд, ја поздрави волјата на САД повторно да се ангажираат повеќе во меѓународните организации. „Тоа ја отвора вратата за нова ера на меѓународна соработка, која ветува многу“, рече Рајнфелд.

За потесна соработка се заложи и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, особено со оглед на предизвиците како гладот, енергетската криза и рецесијата во светот.

Првиот ден од генералната дебата на ОН донесе и свеж ветер во дискусијата околу реформата на Советот за безбедност. Францускиот претседател, Никола Саркози, побара постојано место за Африка, но и за Јужна Америка, Индија, Јапонија и Германија. „Од оваа реформа зависи легитимитетот на ОН“, рече тој. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, пак, предупреди на опасноста од проширување на бројот на членките, зашто, како што рече, на тој начин само ќе се засили чувството кај другите земји дека се исклучени.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев сигнализираше дека Москва е подготвена за омекнување на своето противење за санкциите против Иран поради неговите нуклеарни планови. Медведев, говорејќи по разговорите со американскиот колега Барак Обама, изјави дека во некои случаи санкциите се „неизбежни“. Меѓутоа, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека зголемувањето на притисокот врз Иран нема да биде ефикасен. „Санкциите и зголемувањето на притисокот не се начин за решавање на проблемите“, изјави портпаролката Џијанг Ју. Таа додаде дека санкциите „не се корисни за сегашните дипломатски напори околу иранското нуклеарно прашање“.

Иранскиот претседател директно не се осврна на пат-позицијата во нуклеарните разговори, во неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. Меѓутоа, Ахмадинеџад зборуваше за земјите кои го поткопаа развојот на другите земји под изговор за спречување на производство на оружје. Меѓутоа, неговите коментари околу ракувањето звучеа како промислено ехо на реториката користена од претседателот Барак Обама околу изгледите за соработка со Иран, јавуваат дописницит��.

Претседателот Обама сака обединета позиција меѓу групата шест глобални сили пред разговорите закажани за следната недела со Техеран околу неговата нуклеарна програма. Аналитичарите посочуваат дека ако овие разговори не донесат ништо тој сака спроведување на построги санкции против Техеран.

Русија досега се противеше на секакви нови санкции. Меѓутоа, минатата недела претседателот Обама се откажа од плановите за поставување на антиракетниот одбранбен штит во близина на руските граници. Имаше шпекулации дека во замена за тоа Москва ќе направи чекор кон согласност за санкции за Иран.

Во средата руски официјален претставник изјави дека Москва би можела да поддржи нови санкции ако има доволно докази обезбедени од инспекторите на ОН. Медведев изјави дека санкциите ретко се покажуваат како продуктивни, меѓутоа остави простор за такво нешто ако Иран и понатаму продолжи со својата сомнителна програма за нуклеарно оружје. „Во некои случаи санкциите се неизбежни“, изјави тој откако се сретна со Обама на маргините од Генералното собрание на ОН. „Треба да му помогнеме на Иран да ги донесе вистинските одлуки“, изјави тој. Обама посочи дека тој и Медведев имаат иста цел, да му дозволат на Иран да продолжи со производство на мирновременската нуклеарна енергија, но не и на нуклеарно оружје. „За жал, Иран не почитува голем број од меѓународните обврски. Она за што разговаравме е како можеме да тргнеме во позитивна насока што ќе реши потенцијална криза“, изјави Обама.

(Дојче веле/Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 207 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Изборите во Германија ќе имаат инфаркт-финиш?
Робови на фармите во Унгарија
Гадафи ја скина Повелбата на ОН
Хосни
Ахадинеџад се нуди да купи ураниум од САД
Бугарин по грешка 10 месеци во затвор
Ехуд Олмерт на суд поради корупција
Избегаа 16 членови на Ал Каеда од затвор
Бараат сопруги во замена за гласови
Медведев му подари ЦД на Обама
Смртни казни за убиства на албино деца во Танзанија
Во Копенхаген хашиш ќе се продава слободно?
Ахмадинеџад истера десетина делегации
Крај на нуклеарното оружје?