Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Робови на фармите во Унгарија

Постар маж три години бесплатно служел во едно
семејство, во нечовечки услови

Цели три години постар маж служел во едно семејство во Ујкиѓош, недалеку од Бекешчаба во југоисточна Унгарија, а за тоа не добил ниту една форинта.

Живеел во штала заедно со коњите, храна добивал еднаш дневно, а често бил и физички мачен. По изненадувачкото откритие лекарите констатирале дека има повеќе скршени ребра и други повреди на телото.

Ќерката го продала 68-годишниот човек од едно ромско семејство за да заработи малку пари и да се ослободи од обврските кон него. Случајот предизвика огромен интерес во јавноста во Унгарија, а произлезе дека тоа не е единствен случај и оти во сиромашните делови во Унгарија во зафрлените салаши, се вратил робовладетелскиот период.

Скандалот бил случајно откриен, благодарение на упорноста на еден службеник од локалната социјална служба. Дедото уште во 2003 година добил решение за сместување во социјална установа, но не се појавил на преглед. Социјалниот работник успеал да ја пронајде неговата адреса и го нашол во многу лоша состојба.

„Спасете ме“, биле неговите зборови кои успеал да ги каже пред да дојде полицијата и да го одведе во старски дом во Бекешчаба.

Градоначалникот на Ујкиѓош, Золтан Себеледи, во еден дневен весник во Будимпешта изјавил дека случајот се' уште официјално не го пријавил на истражните органи, бидејќи, наводно, не знаел дека на тоа има право.

Пријави не поднеле ниту современите робови, кои некако успеале да побегнат од газдите, веројатно од страв од можни последици.

Исклучок бил еден средовечен маж од Сарваш, кој минатото лето ја искористил свадбата во куќата и побегнал. Тој веднаш се обратил во полицијата, но неколку седмици подоцна, кога требало да почне судскиот процес, ја повлекол пријавата.

Според зборовите на Иштван Силаџија, управник во Домот за бездомници во соседниот град Ѓули, годишно му се јавуваат од 10 до 15 луѓе кои се избегани од заробеништво. Меѓутоа, ниту еден од нив не поднел пријава, па на полицијата и' се врзани рацете.

Тоа го потврди и шефот на полицијата во Бекешчаба, Антал Хајду, истакнувајќи дека законските регулативи во Унгарија не го предвиделе модерното ропство.

„Држењето и вработувањето на луѓето без нивна волја може да се смета за кривично дело за повреда на личната слобода, но за акција на надлежните органи потребни се пријави и соодветни докази“, додаде тој.


#
Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар

Од: rob
Датум: 25.09.2009 12:52:45
Slicno e i kaj nas. Za 5000denari sivacki rabotat i po 12 casa, "starci" cuvaat nokna straza na razni magacini za eden obrok dnevno i smestuvanje, niz zapadna Makedonija da ne spomnuvam slucaevi na belo robje so zeni i deca, kade sto ovoj ungarski starec e 0 vo sporedba so niv. Tamu barem nekoj socijalen rabotnik se zainteresiral za slucajov, kaj nas nikoj ziv toa ne go interesira nitu saka da go vidi.
Од: Источен блок
Датум: 25.09.2009 18:18:20
Не им чинеше бившиот систем?

Најди! во Утрински
Свет
Изборите во Германија ќе имаат инфаркт-финиш?
Обама побара крај на поделбите
Гадафи ја скина Повелбата на ОН
Хосни
Ахадинеџад се нуди да купи ураниум од САД
Бугарин по грешка 10 месеци во затвор
Ехуд Олмерт на суд поради корупција
Избегаа 16 членови на Ал Каеда од затвор
Бараат сопруги во замена за гласови
Медведев му подари ЦД на Обама
Смртни казни за убиства на албино деца во Танзанија
Во Копенхаген хашиш ќе се продава слободно?
Ахмадинеџад истера десетина делегации
Крај на нуклеарното оружје?