Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Гадафи ја скина Повелбата на ОН

Либискиот лидер го нарече Советот за безбедност совет за тероризам, а свинскиот грип-заговор

ЊУЈОРК - Либискиот лидер Моамер Гадафи вчера на заседанието на Генералното собрание на ОН скапо го наплати своето повеќегодишно отсуство од говорницата на таа организација. Својот говор, кој го почна со задоцнување, го продолжи од предвидените 15 минути на речиси стотина. Навреди голем број лидери, сегашни и поранешни, а особено Џорџ Буш и Тони Блер на кои, според негово мислење, би требало да им се суди за војната во Ирак. Од европските земји побара отштета од 7,2 билиони долари за колонијализмот во Африка.

Тој ја осуди и структурата на моќта на ОН, особено на Советот за безбедност, кој го нарече совет за тероризам, истакнувајќи дека не е само Ал Каеда терористичка организација, бидејќи постојат и други облици на терор. Во еден момент на негодување на присутните делегати, тој дури и ја скина Повелбата на ОН.

Контроверзниот африкански водач повика на обновување на истрагите за убиствата на Џон Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг. Убеден е дека појавата на вирусот Х1Н1 е воен заговор, односно биолошко оружје и праша „што следува по птичјиот и свинскиот грип - рибин грип?“ Најавен како африкански крал над кралевите, Гадафи зборуваше непосредно по американскиот претседател Барак Обама, чиј говор го проследи со срдечен аплауз, поздравувајќи го како „син на Африка“. „Сега Црнецот веќе не мора да седи во задниот дел од автобусот. Американците го избраа за претседател и ние сме горди на тоа. Би биле среќни ако Обама остане претседател на Америка засекогаш“, изјави Гадафи.

Исцрпувачкиот говор до крајот не успеа да го ислуша ниту францускиот претседател Никола Саркози. Рескирајќи ги добрите француско-либиски односи замина на ручек, додека новинарите останаа да се обложуваат дали либискиот лидер ќе го надмине легендарниот Фидел Кастро, чии реферати знаат да траат и по седум часа.

Инаку, Гадафи во предградието на Њујорк традиционално се обиде да постави свој шатор, меѓутоа, во што го спречија градските власти. („Јутарни лист“)


#
Статијата е прочитана 666 пати.

Испрати коментар

Од: edi
Датум: 25.09.2009 01:14:57
A be covekov mozebi e ekscentrik, no si kazuva mnogu vistini, a nie sme zivi svedoci na se sto se sluci i se slucuva vo poslednive 10-20 godini niz svetot.Toa e neosporno, sakal nekoj toa da go priznae ili ne!
Од: jimmy 1
Датум: 25.09.2009 07:13:58
Bravo Gadafi. A nie sme poinaki, pravime ona sto ke ni naredat a ne sto e najdobro za nas.
Од: intelekt
Датум: 25.09.2009 12:59:09
ahahhahhhhhahhhah..interesno

Најди! во Утрински
Свет
Изборите во Германија ќе имаат инфаркт-финиш?
Обама побара крај на поделбите
Робови на фармите во Унгарија
Хосни
Ахадинеџад се нуди да купи ураниум од САД
Бугарин по грешка 10 месеци во затвор
Ехуд Олмерт на суд поради корупција
Избегаа 16 членови на Ал Каеда од затвор
Бараат сопруги во замена за гласови
Медведев му подари ЦД на Обама
Смртни казни за убиства на албино деца во Танзанија
Во Копенхаген хашиш ќе се продава слободно?
Ахмадинеџад истера десетина делегации
Крај на нуклеарното оружје?