Хосни: Поради еврејски заговор не станав нов шеф на УНЕСКО
Каиро - Египетскиот министер за култура, Фарук Хосни, изјави дека поради заговор на Евреите „подготвен во Њујорк“ не станал нов шеф на Организацијата на ОН за култура и образование (УНЕСКО).
На изборите што се одржаа во вторникот победи Бугарката Ирина Бокова.
„Беше јасно до самиот крај на гласањето дека постои заговор против мене“, изјави Хосни за новинарите по враќањето од седиштето на УНЕСКО во Париз.
Тој рече дека „постои група Евреи, кои имале главно влијание врз изборите, на кои не постоела сериозна можност да ги освои Египет“.
Последните месеци Хосни беше сметан за фаворит за нов шеф на УНЕСКО. (Макфакс) |