Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Бугарските возила непожелни

Струмичанецот Стојан Поповски викендот не можеше да се види со своето семејство во Струмица, како што тоа го правеше во изминатиот период, бидејќи живее и работи во Петрич, Бугарија. Македонските погранични органи на граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница не му дозволија во земјава да влезе со својот автомобил купен и регистриран во Бугарија. Влезот не бил дозволен поради двојното државјанство на Поповски и затоа што неговиот автомобил со бугарски регистарски таблички не бил пререгистриран во Македонија. На ова Поповски нервозно реагирал, го завртел автомобилот и се вратил во Петрич.

„Не сум смеел со автомобилот да ја минам границата. Требало да се одјавам од едно место на живеење. На две места, тука и во Бугарија, не бидувало, а досега таков проблем немало, иако секој викенд доаѓав во Струмица со истиот автомобил со бугарски таблички. Ова што се случува не е в ред, фактички вака ја затвораат државата и ни го ограничуваат движењето. По ова јас се враќам во Петрич и нека не' не бараат за гласање на изборите“, изјави револтирано Стојан Поповски.

Тој е одделен од семејството, живее и работи во Петрич во последните неколку години, а бил принуден да го направи тоа на стари години, бидејќи во Струмица не можел да најде работа. Во Петрич го купил автомобилот за потребите на работата, а во Струмица доаѓал само еднаш неделно за да си го види семејството. Токму поради ова тој смета дека нема потреба да го пререгистрира возилото во Македонија. Неговиот син купил два автомобила од Бугарија и двата ги пререгистрирал согласно законите.

Стојан Поповски е само еден од дваесетина Македонци на кои изминатиот викенд на македонско-бугарската граница не им беше дозволен влез и излез со автомобилите со бугарски регистарски таблички. Слично беше и на македонско-грчката граница на преминот Богородица. На дваесетина сопственици на вакви автомобили, кои во саботата во утринските часови заминале за Грција, не им бил направен никаков проблем, но на враќање не им бил дозволен влез од македонските погранични органи доколку не ја почнат процедурата за легализирање на автомобилите. Откако виделе дека немаат друг избор сопствениците ги оставиле автомобилите кај царинската подружница, а се' уште размислуваат дали да ги пререгистрираат затоа што мислат оти ваквото барање не е в ред (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 1638 пати.

Испрати коментар

Од: Strumicanec
Датум: 05.10.2010 12:28:17
Strumica posledna padna pod srpsko ropstvo no prva kje izlezi !
Од: спрема заслуженото
Датум: 05.10.2010 12:30:12
На претстојниот попис ќе се изјасна спрема заслуженото, односно според тоа која држава повеќе ми помогнала, што значи дека сум Бугарин !!! jазикот со соседите БГ ни е ист, исти празници имаме, исти слави имаме и некогаш имавме исто писмо, е тоа нешто што ни поврува со нив - христиjанството. Зошто никој овие денови не објави дека вратиле во Албанија или Косово возач со ваков автомобил кој има двојно државјавство ? Во Словенија пример данокот за регистрирање автомобил е околу 700 евра, многу македонци што работат таму возат БГ-коли, а државата не ѓи санкционира !
Од: Па уште и се жали!?
Датум: 05.10.2010 12:57:00
Најдобро е таквите “македонци“ кои се чувствуваат како бугари или си ја продаваат татковината за грст евра - да си заминат во Бугарија!
Од: Aaron
Датум: 05.10.2010 13:22:08
Oti ne pishuvate i drugoto, shto se rekli Stojan i oshte dvajca strumichani - "Vo Makedonija mozete da ne vrnete veke samo vo kovchezi"!
Од: Стојан
Датум: 05.10.2010 14:04:54
Какбво му е тоа среќно семејство кое сака да го види во Р. македонија? Тоа во Р.Македонија, Македонци, а тој живее и работи во Бугарија. Што човек ќе биде тој? Тој треба да си го земе семејството и ајде уште еден Македонец во Бугарија. И, се ќе биде во ред. Со среќа.
Од: alek
Датум: 05.10.2010 15:04:49
sto mislat tie kako sto vo bugarija ne vazi nieden zakon nema da vazi i tuka. Poleka,poleka ke se naucat site i ke gi preregistriraat i oro ke igraat
Од: Buco
Датум: 05.10.2010 15:26:16
Ova e neshto poseriozno otkolku problemot so Spaska Mitreva samo ne znaeme dali nashite "glavatari" mozat da go razberat. Vo sekoj slucaj neka se spremaat za nov uslov od EU, ovoj pat predlozen od Bugarija. Sami si ja barame beljata nikoj ne ni e kriv. Rabotava e em shuto em saka da bode.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.10.2010 18:36:42
Еве уште еден доказ за евидентно бугарофилство на владата,почна да ги санкционира оние кој си ја продадоа националноста за бедни авто-таблички. Читам тука поедини коментатори лијат ли лијат крокодилски солзи врз трагичната судбина на оној кој заради поевтино возење му ја сменил покрај својата и националноста на својот родител.Вероватно е оној кој бараше источниот сосед да ни стави вето за ЕУ.Малку е 6 месеци по мене еден месец тука 5 год. надвор возење.
Од: vasil
Датум: 05.10.2010 19:06:27
au sto go nalutile kutriot stojan i negoviot sin. Pa koga vi tolku mila i draga Bugarija sto ne si ostanete tamu koga ja tolku sakate i finasirate. Tamu plakajte gi davackite a tuka vo ovaa jadna Makedonija nisto. Konecno red bese da se napravi nesto vo vrska so taa peta kolona kaj nas.
Од: bezanec
Датум: 05.10.2010 23:02:45
Сите македонци кои се продадоа за една кола и не ни требат нека си се иселат во бугарија и да не остават на само да си ја тераме работата,такви изроди не ни требат.
Од: мики
Датум: 06.10.2010 00:25:22
штом си ја сакаш бугарија оди си таму,ама да да се откажеш од македонското државјанство.изборот е твој.
Од: mite
Датум: 06.10.2010 08:24:09
zosto gledame samo vo bugarskite sto so italijanski svajcarski germanski i ako pogledneme vo tetovo 85posto se kosovski sto so drugite
Од: Bubo(ama ne Karov)
Датум: 06.10.2010 09:06:58
Krajno vreme bese da se svesti nekoj od ovie sto rabotat 24/7/365.Trebase odamna ova da se napravi,a slednoto treba da bide - nema dvojno drzavjanstvo! Koj saka da bide Makedonec neka bide,koj neke ete mu ja Evropa i svetot.So sila samo Bugarin mozes da bides...
Од: sime
Датум: 06.10.2010 09:28:02
Ja podrzuvam vladata za vakov poteg aku ne e populizam,ama i gragjanite koi vozat koli so bg tablicki go pravat toa od ekonomski pricini i nasednuvaat na bugarskata politika prema Makedonija.

Најди! во Утрински
Економија
Новиот прв човек на АЕК по мерка на власта?
Расте и трговскиот дефицит и размената со странство
Државата трие раце од старите коли
Уни банка со промотивни кредити
Тргна првиот воз на „Карго 10“
Македонските камати многу повисоки од австриските
Нови кредити со пониски камати од Охридска банка






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma