Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Тргна првиот воз на „Карго 10“

Првиот товарен воз со 42 вагона на заедничкото железничко претпријатие на Србија, Словенија и на Хрватска - „Карго 10“ - тргна од железничката станица од Батајница до словенечкото место Сежана.

Планирано е возот на таа релација да сообраќа секоја недела, а со годишниот договор е предвиден превоз на 50 илјади тони брикети дрво наменети за италијанскиот пазар.

Министерот за инфраструктура на Србија, Милотин Мркониќ, изјави дека благодарение на заедничкото претпријатие, трите држави ќе го зголемат девизниот приход за по 50 милиони евра годишно. Мркониќ изрази очекување дека по трасата на Коридорот 10 во иднина ќе минуваат 2.000 воза годишно наместо сегашните илјада.

Словенечкиот министер за сообраќај, Патрик Влачич, рече дека благодарение на ова претпријатие, железничката врска меѓу Западна Европа и Турција, која во изминатите 20 години го изгубила значењето, ќе биде искористена.

Државниот секретар во Министерството за сообраќај на Хрватска, Даниел Милета, изрази очекување дека „Карго 10“ ќе им донесе корист на економиите и на фирмите во сите три држави.

Како што е претходно договорено, седиштето на компанијата „Карго 10“ ќе биде во Љубљана. Заедничката железница ќе располага со пет отсто од вкупниот број возови на железниците во трите држави.

Една од целите на новата компанија е скратување на царинската процедура на граничните премини, со што возовите побрзо ќе сообраќаат.

Железниците на Србија, Хрватска и Словенија имаат по една третина сопственост во „Карго 10“, а во ист процент ќе биде делен и профитот.

Договорот за основање заедничка компанија е постигнат кон крајот на јули годинава, со цел превозот на стоки и патници на пан��вропскиот „Коридор 10“ да биде поефикасен, порентабилен и побрз, а патувањето од Љубљана до Истанбул да се скрати од сегашните 57 на 35 часа. (МИА)


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Новиот прв човек на АЕК по мерка на власта?
Расте и трговскиот дефицит и размената со странство
Државата трие раце од старите коли
Уни банка со промотивни кредити
Македонските камати многу повисоки од австриските
Нови кредити со пониски камати од Охридска банка
Бугарските возила непожелни






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma