Уни банка со промотивни кредити
Уни банка ја продолжи промотивната понуда до крајот на октомври за ненаменските потрошувачки кредити, за хипотекарните и за станбените кредити. За ненаменските потрошувачки кредити рокот на отплата е до осум години, за износи до 600.000 денари, со камата 10,5 отсто, а е наменет за клиентите кои земаат плата преку Уни банка. Хипотекарните и станбените кредити се со каматна стапка од 7,9 отсто годишно, без административни трошоци кон банката, со рок на отплата до 25 години. (Ек.Р.) |