Нови кредити со пониски камати од Охридска банка
Охридска банка, Сосиете женерал груп, воведе нов производ, таканаречен кеш-експрес кредит со девизна клаузула и каматна стапка од 8,48 отсто. Кредитите се во износ до 8.000 евра и со максимален рок на отплата до седум години. Новите услови ќе важат до крајот на годинава. Корисниците на кеш- експрес кредитот ќе добијат и бонус „мастер кард“ кредитна картичка со лимит до три плати и бесплатно електронско банкарство. Банката воведе и нов компакт-кредит со жиранти со девизна клаузула, за кој каматата е 8,45 отсто. „Со овој кредит граѓаните можат да ги рефинансираат своите тековни обврски по разни основи во износ до максимум 10.000 евра. Охридска банка ги намали на 7,9 отсто и каматните стапки за новоодобрените автомобилски кредити за клиенти, кои примаат плата преку банката“, велат во Охридска. (Ек.Р.)
|