Најдобрите македонски ватерполисти и бранителот на трофејот Србија својот натпревар од првото коло во Светската лига ќе го одиграат на базенот „Ташмајдан“ во Белград на 16 ноември од 19 часот. Делегат на ФИНА ќе биде своевремено најдобриот светски голман Александар Шоштар, а правдата ќе ја делат Ханс Клопер од Холандија и Кем Филиксач од Турција.
Во групата се и светскиот вицешампион Шпанија и шестопласираната Германија од последното Европско првенство во Загреб. На финалниот турнир со осум селекции што ќе се одржи следното лето во Филаделфија ќе има место само за победникот на групата. (Р.Д.)