Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Кога гигантите Реал и Милан ќе ја разбудат обложувачката параноја

Наум Котевски

„Македонија се претвори во обложувачка галерија со комбинација од економска несигурност, висока невработеност, зголемени даноци и галопирачки трошоци за основните производи, проследени со стагнирачки плати“, ова е извадок од извонредниот текст под наслов „Нашиот внатрешен Македонец“ на неделната колумнистка на „Форбс“, Сузан Ли, кој го објави и „Утрински весник“.

Во обидот по деталните анализи да направи паралела меѓу Македонија и САД во поглед на болното спортско обложување Ли додава: „Условите во Македонија личат на оние кон кои се движиме ние. Минатата година во САД само 17 отсто од Американците се обложувале на спорт, додека во Македонија бројката стигнува речиси до половина население. Рецесијата може Американците да ги направи Македонци. Да! Македонци!“.

Ќе се сложите добра е поентата на Ли, но лошо е што се присетивме на неа кога требаше да се занимаваме со анализа на мечот меѓу двата клуба со најмногу европски трофеи - судирот на титаните Милан и Реал. Тоа заслужува да се направи само за првиот дел, во кој „кралевите“ гласно кажаа дека се неколку класи понапред од „фудбалската играчка“ на Берлускони. Но, со односот во вториот освен што Реал играчки расипа се', ги разгневи гледачите пред малите екрани ширум светот, како домаќинот кој се враќа по неуспешен лов само со загинатото куче во рацете. „Кој тука се зафркава со нас. Па, ние не сме глупи. Ја наместија, ама нас не може да не наместат“. Тоа е размислувањето на огромен број гледачи (ловџии), вклучувајќи го и коментаторот на Канал 5.

Сето тоа, рака на срце, поткрепено е со визуелни факти. Стоење на терен, гол од два офсајда на Инзаги за 2:1, зачинет со нелогичен скок на Касиљес (му се искина од смеење и тренерот од пионерскиот погон).

Касиљес беше кенгурот, но каде заврши торбата со пари? Ќе виси ли Педро, ��идејќи тој го даде голот во 93 минута за 2:2? Знаел ли тој за ујдурмата? Овие прашања кои вчера се вртеа низ сите сокаци, кафулиња, кафеани, банки, автобуси... во државава (а, сигурно така било и низ светот) се логична последица на инсталирањето на најголемите обложувачки куќи во сите спортови, особено фудбалот. На дресот на Реал стои „БВИН“, а до пред некое време таа куќа стоеше и на дресот на Милан (сега тоа место е резервирано за името на компанијата „Емирати“).

Таа фудбалска обложувачка спрега, од која се изнедри новиот тип на мафија, сама по себе ја оправдува гледачката и коментаторска, условно речено, параноја. Условно затоа што болната идеја за некакво прогонување во случајов може да има и реална основа. Тоа сега никој жив не може да го докаже, или пак, може ама не сака. Интелегенцијата на параноичните е сочувана, но ете таа не може да го реши проблемот.

И така ќе остане, бидејќи обложувањето, односно огромниот профит е вкопан како „Курск“ во сите пори на спортот па прашање е дали воопшто може тој општествен сегмент да се врати на површина, односно на својата некогашна чистота. ФИФА и УЕФА мораше да реагираат порано и да спречат било какво влегување на обложувачкиот бизнис во фудбалот. Сега и тие си ги чешаат главите. „Кога постои сомнеж на ова ниво, што останало за таму некои државни лиги“, се слушаше вчера шепотот од канцеларијата на Блатер и Платини.

Сосема им е јасно дека тиквата пукна и кај оние се помалубројните кои вистински сакаат да гледаат фудбал, а не знаат дека постои благородна институција бленење во „Телетекст“.

Од таа рак рана многу бргу паднаа во заборав и добрите моменти од мечот на „Сан Сиро“, како бравурозната асистенција на Ди Марија, голот на Игуаин, кој е 700 погодок на Реал во Лигата на шампионите (66 има дадено Раул), потоа трагикоимичното актерство на Роналдо, и секако, ветеранот, 37-годишниот Инзаги и двата негови гола со кои докажа, како што напишаа некои новинари, дека апокалипсата ќе ја преживеат бубашвабите и тој.

Намален беше и интересот за коментарите на Жозе Мурињо. Нормално тој им се насмеа на параноичните, скокна како Касиљес кога Педро Леон го донесе бодот и на крајот лупна глупост, која искрено ретко му се случува. „Немаше шанси овој меч да го загубиме. Подобро игравме за тоа да се случи. Голот во третата минута од судиското продолжение е апсолутно заслужен“, кажа Португалецот и продолжи почовечки да зборува: „Првиот гол го примивме бидејќи Пепе се лизна. А, вториот од чист офсајд. Не е битно, не сакам да зборувам за судиите. Сакам да зборувам за одличниот тим на Реал, кој во првиот дел одигра фантастично, како што одигра и пред две недели во Мадрид. Може ли да ја освоиме Лигата на шампионите? Мора и натаму да ја подобруваме играта, но квалитет имаме. Тимот е многу млад, па поради тоа понекогаш и наивен. За да ја освоиме ЛШ мора да станеме поцинични“, додаде Мурињо, кој упати пофални зборови до противникот: „Во смисла на играње фудбал Милан е одличен тим. И карактерот им е фантастичен. Убаво е да се види како и натаму кај Гатузо, Инзаги, Сидорф има толку желба, иако долги години се на теренот“.

Мурињо колку сака може да зборува за желбата. Но, ним им е време за „Телетекс“!

Група Е

Базел - Рома 2:3

Клуж - Баерн 0:4

Табела: Баерн 12, Рома 6, Клуж 3, Базел 3



Група Ф

Челзи - Спартак М. 4:1

Жилина - Марсеј 0:7

Табела: Челзи 12, Спартак Москва 6, Марсеј 6, Жилина 0



Група Г

Оксер - Ајакс 2:1

Милан - Реал 2:2

Табела: Реал 10, Милан 5, Ајакс 4, Оксер 3



Група Х

Партизан - Брага 0:1

Шахтјор - Арсенал 2:1

Табела: Арсенал 9, Шахтјор 9, Брага 6, Партизан 0


#
Статијата е прочитана 1273 пати.

Испрати коментар

Од: dragan
Датум: 05.11.2010 14:49:56
pozdrav do novinarot, navistina odlicen tekst

Најди! во Утрински
Спорт
Лазар Лечиќ не е заборавен
Трето полуфинале за Јотовски во Чиле
Пол Пирс трет во селтикси со над 20.000 коша
Светската елита на меморијалот „Таљ“
Дебакл на ЦСКА во Валенсија, Вујошевиќ на рибање
Со Србија на „Ташмајдан“






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic