РОНАЛД ФЕНТИ
Сака да се смири со ќерката Ријана
Роналд Фенти, таткото на мегапопуларната пејачка Ријана, повеќе од една година не разговарал со неа. Иако Ријана тврди дека прекинувањето на комуникацијата меѓу нив е негов избор, сепак, Фенти го кажува спротивното.
„Секој ден и' оставам пораки, но никогаш не ми одговара. Ништо не сакам повеќе од тоа, да бидам дел од нејзиниот живот“, изјавил Фенти додавајќи дека со другите свои деца секојдневно е во контакт.
Причина за нивното несогласување била расправијата што се случила пред концертот на Ријана во Чикаго, на почетокот на 2008 година. Според зборовите на Фенти, Ријана му велела да се врати на Барбадос, бидејќи се појавил пијан и' ја посрамотил пред сите, поради што жали. |