Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

Собрани 15.000 евра од аукцијата за Онкологија

Под мотото „Да го продолжиме животот“, во понеделникот вечерта (30 ноември), во Универзалната сала во Скопје се одржа хуманитарна вечер за собирање средства за санација на апаратот за аплицирање на цитостатоци на Клиниката за онкологија во Скопје.

Се одржа модна ревија на која многу познати дами од јавниот живот носеа вечерни фустани од модната куќа „Елена Лука“, која воедно беше и донатор. Гледачите имаа можност да се јавуваат на телефонскиот број 143-404 преку трите оператори и да донираат 100 денари од повик или, пак, да учествуваат во аукцијата за фустаните што беа дел од ревијата.

„Беа собрани 15.000 евра што е речиси целата сума што е потребна за апаратот за цитостатици“, вели Зоран Стојковски од Центарот за институционален развој, кој во соработка со МТВ беше организатор на хуманитарната акција. (С.П.)


#
Статијата е прочитана 1629 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Вредни како пчели пред Нова година
Кој е идниот зет на Бил Клинтон?
Фаворитка за „Мис на светот 2009“
Бивша мис на Аргентина почина по пластична операција
Дебитантски рекорд во продажба
Сака да се смири со ќерката Ријана