Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Промовирана Стратегијата за спречување на насилство во спортот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), вчера, ја промовира Стратегијата за спречување на насилство на фудбалските терени. Таа ќе опфаќа организирање на јавни трибини, изработка на рекламен материјал (плакати, флаери, печатење маички, капчиња, шалчиња со пораки против насилство), изготвување прирачници, компонирање на официјална химна за борба против насилство, едукативни семинари за спортските работници, работилници, а во план е воведување на еден час и во наставата во основните и средните училишта.

Овие активности ќе се спроведуваат во наредните две години со цел да ја променат и подигнат јавната свест, имплементација на постојниот Закон за насилство и недолично однесување на спортските терени и актите на ФИФА и УЕФА по тоа прашање.

Фудбалската федерација на Македонија заедно со останатите субјекти, невладини организации, Министерството за внатрешни работи (МВР), Агенцијата за млади и спорт (АМС) и училиштата се надева дека стратегијата, во иднина, ќе донесе резултати во намерите да му се застане на патот на недоличното и девијантно однесување на спортските натпревари. (С.Д.)


Статијата е прочитана 71 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Араповиќ му спарингува на Кро Коп!
Титулата за Макпетрол
Македонските ракометари, сепак, во Вараждин
Илиевски лидер на Унион Олимпија против Будуќност во НЛБ-лигата
Фудбалски вести
Бостон со нов клупски рекорд, Кливленд се' уште без пораз дома