Титулата за Макпетрол
По четиригодишна пауза карате клубот Макпетрол повторно ја освои титулата државен првак. Макпетролци воедно се и најуспешен колектив за 2008 година во генерален пласман со 1030 бода, а на државните првенства за пионери, кадети, јуниори и сениори освоија вкупно 65 медали. Нивниот најголем ривал за шампионската титула, Металург, со бодовен минус од 400 поени, на крајот мораше да се задоволи со второто место.
Македонската карате лига годинава се карактеризира со ретко видена неизвесност. Буквално до последната борба не се знаеше во чии витрини ќе заврши шампионскиот пехар. Дербито меѓу Макпетрол и Металург заврши без победник (2:2), обете екипи имаа по 13 победи, а пресуди поразот помалку што го имаше тимот на Макпетрол во генералниот пласман и подобрата поен разлика во сите натпревари. (С.Д.) |