Златко Крстевски на „Новосадски стрип-викенд“
Денеска во СКЦ, во Нови Сад, на четвртото издание на стрип-фестивалот „Новосадски стрип- викенд“, стрип-авторот од земјава Златко Крстевски, со почеток во 18,30, часот ќе го претстави македонскиот стрип и ќе одржи предавање и стрип-акција.
На фестивалот учествуваат познати стрип-автори како Лео Филиповиќ, Восток од Србија, Ванчо Ребац од Хрватска, а е планирана и проекција на филмови за познатата музичка група „Боје“ на Бранкица Драшкович. (К.Б.) |