Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Италијанско вино именувано според „Пред дождот“

Во чест на филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во Италија е именувано квалитетно италијанско бело вино „Прима дела пјоџа“ - „Пред дождот“, кое е промовирано во Парма на 5 ноември.

Виното го создале врвни италијански стручњаци за вино од бербата во 2009 година, а негов кум е италијанскиот новинар и експерт за вино, Марко Поцали, кој го крстел во соработка со енологот и винар Салво Фоти, сопственик на винарница во Сицилија.

„Пред дождот“ пред 16 години во Венеција го освои „Златниот лав“ и уште 9 други награди, а во Италија беше и филм на годината.

„Фантастична емоција во тркалезниот круг на времето”, изјавил за филмот Поцали, а пак Манчевски за виното рекол: „Супер се погоди што е во прашање баш италијанско вино, оти омилени ми се вината од Јужна Италија“.

Виното „Прима дела пјоџа“ е создадено од сортите грозје кариканте, греканико, минела и ризлинг, кои се одгледани на лозјата на северната страна на Етна, во градот Бронте. Произведени се само 400 шишиња на чија етикета пишува: „Во спомен на филмот ’Пред дождот’, 1994, Милчо Манчевски, Скопје, Македонија”, а е парафразирано и мотото на филмот „Времето не чека, оти кругот не е тркалезен“. (К.Р.)




#
Статијата е прочитана 1021 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
„Синедејс“ се отвори како аматерска смотра
Феникс во светот на филмот
Симон Трпчески вечерва ќе настапи во престижната „Карнеги хол“
„Скопје радос ти ќе бидеш“, изложба на Богдановски
Златко Крстевски на „Новосадски стрип-викенд“
Седумдесет нови наслови во „Матица“
Саботерија и неделатрија на Канал 103
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language