Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Саботерија и неделатрија на Канал 103

Музичкото радио „Канал 103“ со нова програмска шема се подготвува за одбележување на 20-годишнината од своето постоење. Две нови емисии ќе ја збогатат и освежат програмата на радиото: Саботерија (сабота од 12 до 16 часот) и Неделатрија (недела од 12 до 16 часот).

Саботерија е емисија предвидена да овозможи простор за културна и остра дебата, на страна од дневно-политичките порази. Овој програмски појас на „103-ка“ ќе се стреми да поставува фокусирани и важни прашања, промислувајќи теми како: проблемите на главниот град, културните политики, различните животни стилови, новите начини на уредување и управување со заедницата, улогата на новите медиуми во овие процеси...

Во првото издание на Саботерија (вечерва од 12 до 16 часот) централна фигура ќе биде сликарот Ацо Станковски, во последно време актуелен со провокативните ставови околу проектот „Скопје 2014“. Инспиративниот претставник на новата генерација општествени активисти, Анастас Вангели, ќе им опонира на ставовите на етаблираниот уметник. Групата „Бернаис пропаганда“ ќе ја најават скопската промоција на вториот албум „Мај персонал холидеј“, давајќи свои одговори на прашањата за Скопје. Во премиерното издание на Саботерија гостин ќе биде и Матеј Богдановски, актуелен со издавањето на својот деби-стрип, насловен „Скопје радост ти ќе бидеш“, инспириран од хоророт/хуморот на скопската преродба.

Неделатрија, пак, ќе се занимава со културниот аспект на живеењето кај нас и ќе обработува теми од литературата, филмот, театарот, сликарството и, се разбира, музиката. Првото издание на Неделатрија (14 ноември од 12 до 16 часот) ќе понуди осврт и разговори со учесниците на фестивалот „Синедејс“. Независната театарска продукција кај нас ќе биде претставена преку разговор со режисерката Нела Витошевиќ, по повод нејзината претстава „Брод за кукли“. Неделатрија ќе се осврне и на новите книги на издавачката куќа „Или-или“. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 925 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Синедејс“ се отвори како аматерска смотра
Феникс во светот на филмот
Италијанско вино именувано според „Пред дождот“
Симон Трпчески вечерва ќе настапи во престижната „Карнеги хол“
„Скопје радос ти ќе бидеш“, изложба на Богдановски
Златко Крстевски на „Новосадски стрип-викенд“
Седумдесет нови наслови во „Матица“






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry