Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Седумдесет нови наслови во „Матица“

Во периодот од 10 ноември до 20 јануари клубот „Матица“ почна со нова акција за популаризација на книгата меѓу своите членови и читатели. Кампањата е со наслов „Еден наслов - еден ден“, што значи во седумдесет дена до почетокот на

традиционалниот Саем на книгата, „Книга во секој дом“, што традиционално почнува на 20 јануари, на читателската публика секојдневно ќе и' биде понуден по еден наслов од новата продукција.

Според организаторите, „книгите од македонски, српски, хрватски, словенечки, германски, француски, грчки, италијански, шпански, британски, американски и руски автори ќе го збогатуваат секојдневјето во клубот „Матица“. Ќе бидат организирани секојдневни промоции, литературни читања и прв пат на македонскиот книжевен пазар ќе профункционира читателскиот клуб на „Матица“, каде што преку дебати и разговори ќе се усовршува издавачката продукција во Македонија.

Финалето на акцијата „Еден наслов - еден ден“ се поклопува со почетокот на саемот „Книга во секој дом“, за кој, како што потенцираат од клубот „Матица“, подготвиле специјални изненадувања и огромна понуда на литература од цел свет за целата читателска публика во Република Македонија. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 989 пати.

Испрати коментар

Од: Vuk
Датум: 13.11.2010 22:40:27
Еден наслов-еден ден. Книга во секој дом. Тоа се големи пароли за големи дела. Дали нашите издавачки куќи како што е Матица ќе објават еден наслов на млад и надежен поет или нова и квалитетна напишана книга од домашен автор во последната година.

Најди! во Утрински
Култура
„Синедејс“ се отвори како аматерска смотра
Феникс во светот на филмот
Италијанско вино именувано според „Пред дождот“
Симон Трпчески вечерва ќе настапи во престижната „Карнеги хол“
„Скопје радос ти ќе бидеш“, изложба на Богдановски
Златко Крстевски на „Новосадски стрип-викенд“
Саботерија и неделатрија на Канал 103






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry