Број 3368  четврток, 26 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Грчките банки ќе мора да се здружат?

Водечките грчки банки се наоѓаат под зголемен политички притисок да се интегрираат, со оглед на намалената добивка, растот на кредитните загуби и влошувањето на нивните активи, пренесува Блумберг.

Грчкиот министер за финансии, Јоргос Папаконстантину, и гувернерот, Јоргос Провопулос, ги повикале Националната банка на Грција, ЕФГ, Алфа банка и Пиреус банка да ја разгледаат можноста за здружување.

Аналитичарите проценуваат дека профитите на наведените банки за вториот квартал, што деновиве треба да бидат објавени, веројатно ќе бидат намалени за над 60 отсто.

Шпекулациите за интеграциите се зголемија откако Пиреус банка понуди да ја купи Земјоделскат�� банка на Грција, единствената што не го положи стрес-тестот на Европската унија.

Се проценува дека интеграцијата би им помогнала на банките да ги намалат трошоците, да ги зајакнат своите финансии и да обезбедат подобар пристап до пазарите на капитал.

Иако консолидацијата нема да ги реши проблемите со лошите побарувања, сепак, може да помогне да се намали конкуренцијата за депозити и да придонесе за намалување на трошоците, велат аналитичарите. Според нив, мала е веројатноста дека некоја странска банка би се одлучила во овие моменти да преземе грчка банка.

Инаку, две грчки банки од наведените, од кои било побарано да ја разгледаат можноста за спојување, се газди на банки во Македонија. Па, така, Националната банка на Грција е сопственик на најголемата македонска банка, Стопанска банка. Деновиве НБГ уште повеќе ја зацврсти својата сопственичка позиција во Стопанска банка, купувајќи уште 21 отсто од акциите, кои дотогаш беа во рацете на ИФЦ и на ЕБРД, станувајќи на тој начин газда на 94 отсто од капиталот на оваа банка. И грчката Алфа банка поседува банка со исто име во нашата држава. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 740 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Владата со мерки, но за цената на лебот нема гаранции
Евтините авиобилети утопија
Стиглиц
Банкарските пари најсигурни во НБМ
Московскиот градоначалник најбогат политичар
Нови преговарачи за старата работничка болка