Стиглиц: На Европа и' се заканува втора рецесија
На европската економија и' се заканува втор бран рецесија, бидејќи владите ги намалија трошоците за да ги намалат буџетските дефицити, рече познатиот економист и добитник на Нобеловата награда за економија, Џозеф Стиглиц. По грчката криза која ја поткопа довербата на инвеститорите во земјите со единствена европска валута - евро, владите на земјите од еврозоната ги засилуваат мерките за да го намалат дефицитот според пропишаниот праг на Европската унија, на три отсто од бруто домашниот производ.
И покрај тоа што во второто тримесечје растот на економијата на земјите од еврозоната се зголеми со рекордно темпо, сепак , постојат слаби знаци за натамошно обновување, пренесе Бгнес. (Ек.Р.) |