Џајковски со најдобар настап на „Пиво фест“ во Белград
Кирил настапи на третата вечер на фестивалот, кој се одржа од 20 до 24 август
Двочасовниот настап на Кирил Џајковски на „Пиво фест“ во Белград, според телевизијата Метрополис, е ценет за најуспешен и најквалитетен во историјата на фестивалот. Кирил настапи на третата вечер на фестивалот, кој се одржа од 20 до 24 август на специјално адаптираниот простор во областа Ушќе, анимирајќи близу милион луѓе од Србија и пошироко. Меѓу останатите учесници беа и групите „Филм”, „Тајм” и Дадо Топиќ, „Дарквуд даб”, „КУД идиоти“, „Атомско склониште”... По Белград, Џајковски ќе патува на фестивалот „Стари дани” во Врање, а потоа заминува за Загреб, каде што има посебна улога да ги најави „Кајзер чифс“. |