Рони Вуд одново кај сопругата
Сопругата на Вуд, со која е во брак 23 години, одлучила да му прости се'
Иако интензивно се пишуваше во медиумите дека проблематичниот гитарист на групата „Ролингстоунс“, Рони Вуд, по рехабилитацијата ќе започне да живее со љубовницата, се чини дека не се случило тоа, бидејќи тој повторно е во среќен брак со сопругата Јо.
Првпат откако се дозна дека Вуд е во љубовна врска со Екатерина Иванова, сопружниците биле видени насмеани заедно.
Сопругата на Вуд, со која е во брак 23 години, одлучила да му прости се', а како прв чекор кон простувањето било тоа што почнала да го посетува на клиниката во Суреј, каде што славниот гитарист е на рехабилитација поради зависноста од алкохол.
Но, по се' изгледа, покрај од алкохол, Рон се одвикнувал и од изневерувањето, па на крајот одлучил да и' се врати на сопругата, наместо да остане во врска со тинејџерката Иванова.
И додека Јо не сакала да коментира во јавноста за нивното смирување, во нејзино име тоа го направила нејзината пријателка која открила дека Јо редовно го посетува Вуд и дека сопружниците постојано разменуваат нежности како да не се случило ништо.
|