Македонската естрада на отворена сцена во Лешок
ТЕТОВО - Овогодишното издание на Тетовскиот фолк-фест ќе се одржи утревечер на отворена сцена во дворот на манастирскиот комплекс во Лешок спроти големиот сехристијански празник „Успение на пресвета Богородица“. Ова е 14. издание на тетовскиот фестивал, а веќе четврто ќе се одржува под отворено небо и во договор со МПЦ во големото двориште и секогаш со посета од над 15.000 посетители. Фестивалот има ревијален карактер, без прогласување победник. Сепак, награди нема да изостанат. На интерпретаторот Злате Милошевски за песната „Мое Маврово“, што ја исполни на минатогодишната фестивалска вечер, ќе му биде доделена награда за најслушана песна меѓу два фестивала. Награда ќе понесе и секогаш атрактивната Сузана Спасовска. За неа има специјално признание од МПЦ за песната „Послание“. (Г.Е.) |