Брoj 2772  вторник, 26 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Линдзи Лохан повторно им се врати на мажите

Лохан во неколку наврати била видена како се забавува со свои поранешни момчиња

Иако до неодамна ја планираше својата свршувачка со љубовницата Саманта Ронсон, деновиве актерката Линдзи Лохан наоѓа поинаков начин за забава. Веројатно повеќе не и' е интересно друштвото на Ронсон, па Лохан во неколку наврати била видена како се забавува со свои поранешни момчиња, а дел од нив може да станат и актуелни во иднина.

На нејзиното однесување Ронсон не гледа со одобрување, бидејќи актерката воопшто не се срами да флертува пред својата свршеница со други мажи.

„Сем се труди да ја држи Линдзи на око, но тоа не е доволно. Линдзи е таа што е агресивна во врската“, изјавил упатениот извор.

Дали станува збор за непоправливиот темперамент на Лохан или нејзиниот однос со Саманта е доведен во криза, ќе покаже времето.

Но, она што е сигурно е дека геј-популацијата не ја сака Лохан за своја геј-икона, затоа што сметаат дека го прави тоа само од забава.

„Ова е за Лохан, како и за сите други девојки како неа, само фраза од песната што ја пее Кети Пери ’Јас бакнав девојка‘. Кога Саманта Ронсон ќе ја остави Лохан, таа ќе се собере и повторно ќе почне да излегува со мажи“, изјавила една лезбијка револтирана од односот на Лохан.

 


Статијата е прочитана 709 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Шола по мерка на публиката
Џајковски со најдобар настап на „Пиво фест“ во Белград
Мадона посекси од кога било
Рони Вуд одново кај сопругата
Македонската естрада на отворена сцена во Лешок