Брoj 2772  вторник, 26 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Мадона посекси од кога било

Светската турнеја „Sticky и Sweet“ ќе опфати 51 концерт во Европа, САД, Канада, Мексико и Бразил

Со концертот на стадионот „Милениум“ во Кардиф, Велс, на кој присуствуваа 40.000 обожаватели, поп-кралицата Мадона ја започна турнејата „Sticky и Sweet“, во чии рамки на 25 септември ќе настапи и во Будва. Двочасовниот концерт го одбележаа нејзините големи хитови, но во нови верзии и со контроверзни видеоснимки на Адолф Хитлер, Роберт Мугабе и американскиот кандидат Џон Мекејн, кој вчера остро реагираше на употребата на неговото име за време на настапот на Мадона.

Мадона на своите обожаватели им покажа дека е во врвна форма и дека педесетката што ја заокружи пред десетина дена - не и' може ништо. Напротив, таа никогаш не изгледала посекси и поенергично, се пресоблече дури осум пати во костими на „Живанши“, а за време на двочасовниот спектакуларен концерт изведе 22 песни, од кои особено се издвојуваа техноверзиите на „Like a Prayer“ и „Ray of Light“. Меѓу песните беа покажувани видеопораки од Кени Вест, Бритни Спирс и Фарел Вилијамс, а на концертот во Велс присуствуваа и нејзиниот сопруг Гај Ричи и трите деца Лурдес, Роко и Дејвид.

Светската турнеја „Sticky и Sweet“ на Мадона ќе опфати 51 концерт во Европа, САД, Канада, Мексико и Бразил, а својата завршница ќе ја има на 18 декември во Сао Паоло.

 


Статијата е прочитана 958 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Шола по мерка на публиката
Џајковски со најдобар настап на „Пиво фест“ во Белград
Рони Вуд одново кај сопругата
Линдзи Лохан повторно им се врати на мажите
Македонската естрада на отворена сцена во Лешок