Брoj 2772  вторник, 26 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Шола по мерка на публиката

На завчерашната интернационална вечер на „Охрид фест“ победи гостинката од Хрватска, Антонија Шола, изведувајќи ја песната „Ангеле“ посветена на Тоше Проески

Валентина Тодоровска

ОХРИД - „Ангеле“, песна од последниот албум на Антонија Шола, со најмногу гласови од публиката (130), победи на завчерашната интернационална вечер на 15. издание на „Охрид фест - Охридски трубадури“.

Второпласиран е Ристо Самарџиев, кој ја изведе композицијата „За навека“, додека Влатко Илиевски со „Небо“ ја освои третата награда.

Жирито го резервира третото место за Дејана Николовска, која со песната „Лудило“ предизвика вистинска еуфорија кај публиката во Долни Сарај.

Композицијата „Ангеле“ на Антонија Шола беше и по вкусот на жирито, па така оваа шармантна пејачка зеде уште една награда пласирајќи се на втората позиција, додека првото место му припадна на Шпати Јакупи.

Гостинката од Словенија, Ребека Дремељ, освои награда за сценски настап, Лука Ѓурѓевиќ е најдобриот дебитант на интернационалната вечер, наградата за интерпретација ја зеде гостинката од Србија, Маја Николиќ, за најдобро аранжманско решение наградата му припадна на Хусо-Бит Стрит од истоимената група, а неколкуте специјални награди ги добија преостанатите настапувачи од странство.

На интернационалната вечер не дојдоа Ана Николиќ и Корнелие Ковач и можеби малиот број атрактивни гости не ја направија атмосферата на која сме навикнале на досегашните фестивали.

Сеедно, четири дена во Охрид се празнуваше песната и на сцената и надвор од неа, а многубројните потенцијални хитови ќе бидат запишани во биографијата на „Охрид фест - Охридски трубадури“.

 


Статијата е прочитана 951 пати.

Испрати коментар

Од: хистер
Датум: 26.08.2008 01:28:42
e bas bese tapa festivalcevo.smesno se delat nagradite sramota e epten
Од: jovan
Датум: 26.08.2008 08:35:39
Pesnata se vika BOZJI PAT
Од: jasminka
Датум: 26.08.2008 09:19:14
Pesnata ne se vika "Angele", tuku "Bozji pat". Toa se dve razlicni pesni na Antonija Sola
Од: Луција
Датум: 26.08.2008 14:59:41
Можела да си ја зачува песничкава за некомерцијални цели, вака е премногу очигледно дека одела на себе-промоција преку Тоше (си знаела какви реакции ке предизвика на македонски фестивал, дури и со нејзините помалку од оскудни гласовни можности)... Нема врска, убаво е што простодушниот народ не ги прозрел (ни презрел) ваквите перфидни намери и уште еднаш го празнувал споменот на Тоше, кој нема да биде извалкан ни од вакви заткулисни игри. Со срека нека и' е победата, а на Тоше - вечна слава!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Џајковски со најдобар настап на „Пиво фест“ во Белград
Мадона посекси од кога било
Рони Вуд одново кај сопругата
Линдзи Лохан повторно им се врати на мажите
Македонската естрада на отворена сцена во Лешок