Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Антологија со драмите на Стефановски објавена во Романија

„Приказни од дивиот исток“ е наслов на книгата драмски текстови на Горан Стефановски објавена во Романија. Изборот, предговорот и преводот е на Јоана Јероним, а предговорот е на Љупчо Арсовски, амбасадор на Македонија во Букурешт, Романија.

Инаку, Јоана Јероним е познат романски драматург, се занимава и со преводи на драмски дела, па нејзиниот опус опфаќа и преводи на Шекспир, Артур Милер и на Тенеси Вилијамс. Нејзините дела, исто така, се преведени на многу странски јазици.

Во ова Антологија се застапени драмите: „Дупло дно“, „Црна дупка“, „Екс Ју“, „Баханалии“, „Демонот од Дебар Маало“, како и есеите „Приказни од дивиот исток“ и „Монологот на Зоран“.

Во обемниот предговор Јоана Јероним ги зафаќа сите позначајни драми на Горан Стефановски и ги анализира низ призмата на современиот македонски, но и балкански театар. Меѓу другото, таа го смета Горан за основач на постмодерниот театар во Македонија, што преку неговите „драми на отпорот“ („Диво месо“, „Тетовирани души“, „Дупло дно“), го раздвижи театарот во Македонија. Во освртот Јоана се задржува и на другите драми на Стефановски што го карактеризираат неговиот опус, како што се „Сараево“, „Баханалии“, „Хотел Европа“ (која беше вклучена и во Антологијата на современата балканска драматургија, објавена во Романија, 2008 година, и во САД, 2009 година), па се' до „Демонот од Дебар Маало“.

Меѓу другото, таа вели: „Космополит по својата формација, како и по својата кариера, македонскиот драматург успева да ги спои во едно високите вредности на западната цивилизација, базичните архетипови, но и карактеристиките на секојдневната култура почнувајќи со рок и бит-културата, па се' до денес. Тој во исто време е добар познавач на сопствената традиција, вклучително и на фолклорната, на која постојано се повикува во своето творештво, но задржувајќи ја ирониската и демитологизирачката дистанца“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Дејан Лилиќ е нов директор на МНТ
На „Синедејс“ филмови од Берлин и од Кан
Современиот хрватски цртеж во МСУ
Основниот пакет само за ургентни состојби
„Баханалии“ во Велешки театар во чест на Мето Јовановски
Битолски театар слави 66. роденден
„Времето на ирвасите“ од Митко Маџунков објавен во Бугарија






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'