Битолски театар слави 66. роденден
За својот 66. роденден Битолскиот театар подготви осумдневна забава. Од денеска до 17 ноември на сцената ќе се прикажат претстави од независни театри, Македонскиот народен театар и Драмски театар од Скопје. Сите претстави имаат допирна точка со Битолскиот театар, бидејќи уметниците од оваа куќа се врзани со претставите што ќе гостуваат.
Првата претстава по повод роденденското славење ќе биде одиграна вечерва во 19,30 часот. Станува збор за претставата „Слугинки“ од Жан Жене, во режија на Иван Јерчиќ и во продукција на Народен театар Битола и „No name Theatre“. (Н.П.) |