Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

„Времето на ирвасите“ од Митко Маџунков објавен во Бугарија

Едно од најпознатите романсиерски дела на академикот Митко Маџунков „Времето на ирвасите“ се појави во превод на бугарски јазик како копродукциско издание на реномираниот софиски издавач „Бугарски писател“, кој е во рамките на Сојузот на бугарските писатели, и на скопски „Макавеј“.

Романот „Времето на ирвасите“ од македонски јазик на бугарски го преведе бугарскиот писател и преведувач Николај Шопов, кој во изминатите години преведе дела на уште десетина македонски творци.

„Појавата на ова дело на Маџунков во соседна Бугарија претставува уште еден успешен чекор во афирмацијата на македонската литература на бугарскиот книжевен пазар и уште еден голем чин на меѓусебно уважување на двете книжевности, по годинашното доделување на ’Златниот венец‘ на ’Струшките вечери на поезијата‘ на големиот бугарски поет Љубомир Левчев“, изјавуваат од копродуцентската куќа „Макавеј“ од Скопје. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 414 пати.

Испрати коментар

Од: Al.M.
Датум: 09.11.2010 13:47:46
Nekoj zel pari za prevod na bugarski jazik? Ovo smeshka li e ili vistina?

Најди! во Утрински
Култура
Дејан Лилиќ е нов директор на МНТ
На „Синедејс“ филмови од Берлин и од Кан
Современиот хрватски цртеж во МСУ
Антологија со драмите на Стефановски објавена во Романија
Основниот пакет само за ургентни состојби
„Баханалии“ во Велешки театар во чест на Мето Јовановски
Битолски театар слави 66. роденден






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'