Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Современиот хрватски цртеж во МСУ

Вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба што пропатувала досега низ 20-ина земји во светот

Катерина Богоева

Големата патувачка изложба „Современиот хрватски цртеж“ што била презентирана досега во дваесетина земји во светот, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, од страна на министрите за култура на Македонија и Хрватска, Елизабета Канческа-Милевска, и Божо Бишкупиќ. Куратор е историчарката на уметност Викторија Васева-Димеска.

Сто и четириесет цртежи од 70 - тина автори ќе ги исполнат трите изложбени сали, а публиката ќе има можност да види различни стилски изрази: од фигурација на наивна уметност до минимализам и геометриската апстракција.

„Како што во една прилика рече и академикот Тонко Маројевиќ, кој на еден начин е и автор на изложбата и најзначаен хрватски историчар на уметност, таа отвара дијалог меѓу класиците на хрватската уметност и уметничките концепции на помладата генерација, потврдувајќи го плуралитетот на стилските определби“ - посочи вчера на прес - конференција амбасадорот на Хрватска во Македонија, Иван Кујунџиќ, задржувајќи се меѓу другото значењето на изложбата во приближувањето на европските и вон европските земји. „Една од идеите на оваа изложба која претставува репрезентативен пресек на актуелното хрватско ликовно творештво изразено низ цртеж е да се согледа хрватската уметност во широк меѓународен контекст и да ги вреднуваме сопствените уметнички дострели во глобалното опкружување. Таа е најнов пример на културна соработка меѓу нашите две земји“.

Изложбата „Современиот хрватски цртеж“ досега меѓудругото била поставена и во Преторија, Јоханесбург, Будимпешта, Печуј, Суботица, Куала Лумпур, а само минатата година била отворена во неколку земји. Таа меѓу другото содржи дела и од авторите: Нивес Кавуриќ - Куртовиќ, Иван Лесјак, Ѓуро Седер, Жељко Кипке,Борис Буќан, Борис , Игор Ончевиќ, Јошко Марушиќ, Ото Рајсингер и др.

„Интенција на изложбата е да се покаже дека цртежот е основата на сите медиуми. Таа е најдобриот начин да се објасни значењето на цртежот во ликовната уметност. Фактички тој е скелетот на се'“ - изјави кураторот Викторија Васева Димеска. Амбасадорот Кујунџиќ посочи дека изложбата била договорена меѓу министрите за култура на двете земји пред повеќе од еден месец во Скопје, за време на одржувањето на Меѓународната конференција за заштита на културното наследство во рамките на македонското претседателствување со Советот на Европа.

„Пред 15 години Хрватска и Македонија потпишаа договор за културна соработка кој минатата година го продолживме, но важно е што тој не задржува само на изложбите, туку и на театарската уметност. Чести се настапите на Македонскиот народен театар и Драмскиот театар во Хрватска, а минатата година театарот „Гавела“ од Загреб гостуваше во Скопје, што е доказ за интензивна меѓусебна културна соработка, која во овој период е најинтензивна од осамостојувањето на двете земји “ - потенцираше Кујунџиќ.

Директорката на Музејот на современата уметност Елиза Шулевска, ја нарече изложбата подарок од двајцата министри, кој бил со задоволство прифатен, потсетувајќи дека првата изложба на хрватската ликовна уметност во Музејот била одржана во октомври 1963, кога биле презентирани дела на 63 уметници.

Во 1964 година, по скопскиот катастрофален земјотрес, Музејот на современата уметност од хрватските уметници добил донација од 80 дела, а бројот на подарените дела континуирано се зголемувал, така да денеска музејската колекција на хрватска уметност брои 156 дела. Во 1999 година меѓу другото беше отворена изложбата на Ордан Петлески, а меѓу последните хрватски изложби е „Неприспособени“, одржана во МСУ 2002 година.

Идната година според Шулевска, се очекува изложбата на МСУ посветена на енформелот во Македонија да биде отворена во Музејот на современата уметност во Загреб.


#
Статијата е прочитана 340 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Дејан Лилиќ е нов директор на МНТ
На „Синедејс“ филмови од Берлин и од Кан
Антологија со драмите на Стефановски објавена во Романија
Основниот пакет само за ургентни состојби
„Баханалии“ во Велешки театар во чест на Мето Јовановски
Битолски театар слави 66. роденден
„Времето на ирвасите“ од Митко Маџунков објавен во Бугарија






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'