Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Основачот на „Фејсбук“ личност на 2010 година на „Тајм“

Марк Цукенберг имаше 19 години и беше студент на втора година на Универзитетот „Харвард“ во 2004 година, кога ја стартуваше веб-страницата thefacebook.com од својот студентски дом

Списанието „Тајм“ вчера го именуваше основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, за личност на годината. „Тајм“ ја дефинира личноста на годината како личност што, по добро или лошо, има најголемо влијание врз настаните во годината. Уредникот на „Тајм“, Ричард Стенџел, го објави името на победникот на телевизијата Ен-Би-Си.

„Оваа година надмина 500 милиони корисници. Обемот на ’Фејсбук‘ е нешто што ги трансформира нашите животи. Еден од десет луѓе на планетата, а притоа е исклучена Кина каде што живеат еден од пет луѓе на планетата“, изјави уредникот на „Тајм“, Ричард Стенџел, по најавувањето за победникот на телевизијата Ен-Би-Си. „Не станува збор само за нова технологија. Тоа е социјално инженерство. Го менува начинот на кој се поврзуваме меѓу себе. Всушност, мислам дека тоа влијае на човечката природа на начин каков што никогаш не сме забележале порано“.

Цукенберг имаше 19 години и беше студент на втора година на универзитетот „Харвард“ во 2004 година, кога ја стартуваше веб-страницата thefacebook.com од својот студентски дом. Сега тој е еден од најмладите милијардери во светот и се предвидува дека неговата приватна компанија остварила приходи од две милијарди долари во 2010 година, пишува „Тајм“. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 623 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Хашим Тачи главен во трговијата со човечки органи
На азилантите во Чешка им мерат ерекција
Стотина повредени во судирите во Рим
Монтиран процесот против шефот на „Викиликс“
Борисов разреши 45 топ-дипломати
И Албанците без визи во ЕУ
Сеул го евакуира населението
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census