Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Неизвесна наставата во тетовското училиште

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Почетокот на наставата во новото училиште во тетовската населба Дреновец изградено уште лани, се' уште е неизвесен. Иако остануваат само две недели до почетокот на учебната година, не се знае дали на 1 септември таму ќе влезат ученици. На 10 септември 2009 година новиот објект беше официјалн�� предаден во употреба од министерот за образование, Никола Тодоров.

„Должен сум да пренесам предупредувања од учениците и од нивните родители дека доколку ова училиште не ги отвори вратите на првиот училишен ден, наставата ќе се бојкотира. Се најавуваат протести и пред Министерството за образование и наука“, потенцираше Илјаз Халими, раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово на вчерашната средба со новинарите. Халими посочи дека училиштето во Дреновец, кое е едно од најсовремените во тетовскиот крај, не профункционира цела една учебна година од две причини, недостиг од инвентар и персонал. Станува збор за 29 нови вработувања, од кои 18 наставници и 11 административно-технички персонал.

„Апелирам до Владата и до министерствата за финансии и за образование да обезбедат финансиски средства и да дадат согласност за вработувања. Така, училиштето ќе профункционира“, нагласи Халими.

За изградбата на новиот училиштен објект со капацитет од 500 ученици во една смена се потрошени 120 милиони денари. Зафаќа простор од 5.200 м2, а има 50 простории - училници и кабинети.

По реакциите на Секторот за јавни дејности од Општина Тетово, Министерството за образование одобрило пари само за набавка на половина инвентар. Нема никакви најави за доопремување и за нови вработувања.

Илјаз Халими вчера потсети дека Општина Тетово пред три месеци доставила официјално барање за решавање на дел од проблемите во образованието, но дека нема никаков возвратен одговор.

„Баравме да профункционира училиштето во Дреновец. Потоа да се изгради ново училиште за основно образование на локација меѓу Голема и Мала Речица и две училишта за средно образование на просторот од тетовската касарна што и' е отстапен на локалната самоуправа. Не знаеме дали ќе се прифатат нашите иницијативи за решавање на просторниот проблем во образованието“, нагласи Илјаз Халими.


#
Статијата е прочитана 469 пати.

Испрати коментар

Од: od Zapad
Датум: 18.08.2010 01:23:01
Da be samo vam ke vi gradime skoli, bolnici patista...Poglednete vo istocna Makedonija kakvi se skolite, patistata, bolnicite...Se gine sekoj den. Citostati nemame ili se so pominat rok... skolite se ruini... Ajde sami malku da si ja istrizete trevata pred novoto skolo ili ke barate i nea da vi ja iseceme...destruktivni paraziti bez sram i zal...
Од: oki-doki
Датум: 18.08.2010 12:16:09
Aj mozebi ke se seti Todorov ovie od Aracinovo da gi smesti da ucat vo ovie neiskoristeni ucilishta

Најди! во Утрински
Политика
Хирургија треба да биде единствена
Несреќата на македонски студент ја разбуди хумана Америка
Мистериозна оставка на директорот на ЈП „Исар“
Ортопедија ќе ја задржи стручната самостојност
Тодоров ќе побара чистење на каналот
Нема цитостатици во битолска Онкологија
Александар Цане Здравковски
Вахабити испеале песна за Бин Ладен