Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика
Вахабити испеале песна за Бин Ладен

Песна испеана на албански јазик посветена на лидерот на терористичката група Ал Каеда, Бин Ладен, е регистрирана и пуштена за првпат на албански јазик од еден исламски форум, пренесува агенцијата ИНА.

На видеозаписот за песната која е презентирана и на познатата страница „Јутјуб“ нема податоци за композиторот и текстописецот на своевидната „химна“ за најбараниот терорист во светот. Песната се пее на албански јазик, но не се знае кој ја ставил на „Јутјуб“, ниту е познато кој ја пее, пишува ИНА. Извори од Исламската верска заедница од Скопје за агенцијата ИНА изјавиле дека не се запознаени за постоењето на оваа песна. „Не знаеме за оваа песна. Меѓутоа, не ја отфрламе можноста дека ваква песна, главно, се пее од вахабистички групи и во неколку џамии во Скопје кои се' уште се контролираат од нив“, велат изворите на ИВЗ за ИНА.

Новинската агенција додава дека има многубројни песни во кои се пее за Бин Ладен, но дека тие најчесто се отпеани на арапски, босански и на други јазици. (Д.Р.)

#
Статијата е прочитана 827 пати.

Испрати коментар

Од: Alban
Датум: 18.08.2010 00:21:12
Kako prvo, ne e tocno deka Makedonski Albanci mu ispeale pesna na Bin Laden. Vtoro, INA novinskata agencija ni sama ne znae od kade poteknuva videoto. A videoto poteknuva od eden website na radikalni strukturi so sediste vo Amerika i Evropa a ne vo Makedonia. Mozebi ima nekolku clenovi na toj sajt od Makedonija, no tie koi ja peat pesnata definitivno ne se od Makedonia. Sitel TV i Vecer se gladni da sirat vakva anti-Islamska propaganda. Kako treto, sto tolku pa se buni latas koga samite srbi mu peat pesni i nosat maicki so Bin Laden fotka. Toa kaj Albancite nikogas ne se slucilo. I cetvrto, dosta vekje gi citirate tie apasi od IVZ koi dosega ne ni pisnale za Vahabizmot a sea navodno postoel rizik od Vahabisti. Tocno e toa deka vernici so radikalni svakanja ima, no takvite gi ima i vo sekoja monoteisticka religija... Ne e religijata tuku mentalitetot i licniot karakter na individuata koj go prisiluva covekot da posegne po nasilstvo. Pozdrav
Од: НАБЉУДУВАЧ
Датум: 18.08.2010 05:43:08
Важна информација за изворите на ИВЗ и за новинарот кој го напише насловот: Вахабити НИКОГАШ не пеат ништо. Мислат дека музиката е неисламски
Од: Реагирајте со време!
Датум: 18.08.2010 07:35:16
Тоа зло треба уште рано да се искорени од Македонија. Тоа треба да го направат самите албанци во ИВЗ. Инаку тешко ни се пишува.
Од: Горан
Датум: 18.08.2010 17:00:05
Aвторот на таа фамозна песна е ЦИА!

Најди! во Утрински
Политика
Хирургија треба да биде единствена
Несреќата на македонски студент ја разбуди хумана Америка
Мистериозна оставка на директорот на ЈП „Исар“
Ортопедија ќе ја задржи стручната самостојност
Тодоров ќе побара чистење на каналот
Неизвесна наставата во тетовското училиште
Нема цитостатици во битолска Онкологија
Александар Цане Здравковски