Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Прв концерт на класична музика во Пустец

Дуото Кирил Рибарски, тромбон и Милица Шперовиќ-Рибарски, пијано, неодамна се врати од мини концертната турнеја што ја одржа од 6 до 10 септември во Албанија. Проектот на Рибарски бил поддржан од македонското Министерство за култура, а во организацијата биле вклучени и македонската амбасада во Тирана, како и Министерството за туризам, култура и млади од Албанија. Рибарски одржале четири концерти во соседната земја кои предизвикале големо интересирање кај тамошната публика.

Првиот концерт, кој дуото Рибарски го одржал на 6 септември, бил добротворен за сонародниците Македонци од Пустец, Мала Преспа. „Тоа беше прв концерт на класична музика во Пустец и претставуваше значаен настан за нас, да се доживее тој топол прием и искрен контакт со новата публика. Градоначалникот Едмонд Темелко, неговиот заменик Васил Стерјовски, директорот и професорите на средното училиште изразија желба за што повеќе вакви концерти“, велат Рибарски. „Ние им ветивме дека ќе организираме концерти со домашни и странски уметници и ќе се заложиме за обезбедување донација на пијано, пијанино или електрично пијано како би можела да заживее музичката култура во ова прекрасно македонско место“.

На 8 септември, Рибарски настапиле во Тирана на прославата што ја организирала македонската амбасада по повод празникот од осамостојувањето на Република Македонија, на 9 септември одржале голем концерт во Театарот на Операта и Балетот во Тирана, додека на 10 септември Рибарски приредиле концерт на „Интернационалниот фестивал на Дурси“, во Центарот за култура на Драч. (Т.И.)


Статијата е прочитана 156 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Театарот „Акхе“ од Русија гостува на МОТ
Прличев е нашиот златоврв
Катица Ќулавкова избрана за потпретседател на Меѓународниот ПЕН
Моќното подводие на идентитетот
„Подарок за Скопје“ од Прокредит банка
Оргулите пристигнуваат во ноември во Скопје