„Подарок за Скопје“ од Прокредит банка
Со концертот на „Бахус“ Прокредит банка во Македонија го прослави петтиот родендеден
На Улица „Македонија“, во петокот, се одржа концерт на камерното студио „Бахус“. И покрај свежото време, на концертот се собраа многу љубители на класичната музика, кои уживаа во звуците на композициите од Моцарт, Бах и Хендл. Прекрасната музика и бројната публика направија за момент улица „Македонија“ да се претвори во вистинска мала концертна арена. Концертот беше подарок за градот Скопје од Прокредит банка, која на овој начин ја одбележа петгодишнината од својата работа на македонскиот пазар, а беше организиран во соработка со германската амбасада. (Н.П.) |