Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Моќното подводие на идентитетот

Кон книгата „Тенок мраз“ на Катица Ќулавкова, во издание на „Макавеј“

Бранко Цветкоски

Творечкиот профил на академик Катица Ќулавкова во најстрога смисла на рецепцијата на сите нејзини придонеси (научно-истражувачкиот, теоретичарскиот, критичко-есеистичкиот, антологичарскиот) е нецелосен без поетската димензија на нејзиниот персоналитет. Всушност, својата хармонична книжевна пројава во македонскиот културен простор Ќулавкова ја доведе до завидни граници на респективност преку своите поетски искачувања до поприштето на уметноста на зборот и токму преку перманентната плима на поетски објави ја одржува својата комплексна енергичност во нашиот духовен простор.

По книгата „Слеп агол“ во која ги испиша двете моќни димензии на модерното и постмодерното поетското писмо, деновиве ја дочекавме книгата што на ултрасензибилизиран начин се занимава со истата процесија на собирање на развеаната срж на идентитетското во светот на се пораскалашеното диверзитетско конструирање на опциите на опстој и комуникација. Како на најтенок мраз ја среќавам големата вселенска совалка на Ќулавкова која во нејзините рани книги толку моќно ја најави својата неспокојна дружба со филозофијата на расколот на личноста и филозофијата на расколот на колективната идентичност, во своите зрели поетски, теориски и херменевтички нурнувања во смислата на сопственото и националното постоење.

Книгата „Тенок мраз“ себеси се поставува меѓу огнот на непоткупливиот ратио и огнот на исконското и моќно уметничко и ратио.

Во својата будна и оснажена рационалност, до најстудена филозофска точност Ќулавкова, среде совршенството на поетскиот пев во оваа книга чемрее по единство, по сплет кој кажува и асоцира, по спој кој крепи и намовнува, по смисла која само за порив прашува и само од порив живее. Таа одново моќна творечка потреба да се осмислува земната тага и гнев во стиховите од новата книга на Ќулавкова се пројавува и не се либи од тежина, од мачнина, од убавина и од леснина. Како вселена меѓу две сонца, од кои едното ја грее меката плотност на земјата, а другото се крева во височините безмерни на духот што сака да чезнее. Како да го слика изгревот на земната цивилизација, како да му се противставува на светот на сенките низ кои се препознава големата сончева заповед. Така и приоѓа поетесата на внатрешната хармонија, на засеците и на свијоците во јазикот, кога сака да ја соопшти високата нафатка за големиот лирски устрој.

И секогаш крај хартијата на Ќулавкова како да струи разумот и резонот на премрзнатата објективност, како да пука тенкиот мраз-во јазикот, во мислата, во споредбата, во смислата на бесмисленото, како да се ѕвери објективот на Сеприсутниот, му се топат сочивата, се распаѓа универзумот..., се создава таа кратка и неповторлива поетска секавица меѓу изгревот и просветлението, меѓу самракот и миговното постоење. Колку иронично и колку едноставно е за Ќулавкова кога во песна „Изгрев-Присутност“ ќе си поигра со себеси и со сите нас, во чувството кое не се повторува а секогаш ни тежи во тилот, во секојдневното непостоење-имено, чувството дека постоиш.

Поетот е тој што потсетува. Но, не секој и не секоја поетеса толку машки се однесува и толку дрчно му се предава на метафизичкиот заплет од кој се враќа само песната со својот одглас, а раката што пишува исчезнува и се појавува со кренат прст, мермерна, смрзната, на некој друг споменик, во некоја друга земја, далеку од својата родна татковина во која исто така, и само во која, исто така, само еднаш и засекогаш-постои.

Токму таа нејзина, и поетска и прозна и драмска и трауматизирана, и недоопеана, и историска, и ирационална, и трансисториска, и трансвселенска... татковината Македонија, под тенкиот мраз на оваа книга се простира како темно и моќно водно неспокојство врз кое се можни сите мразови и сите жеги на сите поколенија. Токму на својата „издраматизирана“ татковина, мајковина, дедовина, од глина и од измаглина, на својата Македонија, и се враќа поетесата во оваа книга на важна национална предупреда. и не пропаѓа во темнината на моќното македонско подмразие-туку лекум, стрвно и блеското подвикнува: Во Македонија просторот се мери со времето.

Песните од редот на македонските оксиморони од книгата, од редот на изѕемнатите песни за јазикот мајчин, за драмата македонската, и балканска и светска, низ ветровитите сецни на историјата, се поставуваат во светлината на една поетска логока која е незамислива од активитетот на интелектуалецот во својата катадневна пловидба по и над сртовите на својата земја.

И токму врз таа тенка линија на мразот на сознанието се грее душата на оваа книга на Ќулавкова, на врвот од острото јазиче на терезијата кое како што се доближува до јазичето на спротивното, обездушеното катадневие, се помоќно ја израмнува хармонијата во лириката што никого не остава рамнодушен и продолжува да зрее во распламтената имагинација на телесното и бестелесното, на јазичното и флуидното, на звучното и обезгласеното во чувствувањето на светот, мените и невиделиците на постоењето кај оваа неповторлива македонска поетеса.


Статијата е прочитана 143 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 22.09.2008 06:56:10
Poloso napisana recenzija vo zivotot ne sum procital (vsusnost, ne uspeav da ja docitam). Pomegju karikiranite misli, nepotrebnata lirika i moreto od internacionalizmi, ne uspeav da dobijam nikakva pretstava za Tenok Mraz na akademik Kjulavkova. Gospodine Cvetkoski, vo vtoriot paragraf sigurno mislite na "proces" - "proces" i "procesija" (povorka) ne e isto. Sto, doboga, e toa "ultrasenzibiliziran"? Akedemik Kjulavkova, pobornik za makedonskiot literaturen jazik i identitet bi se sramela od ovoj tekst.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Прв концерт на класична музика во Пустец
Театарот „Акхе“ од Русија гостува на МОТ
Прличев е нашиот златоврв
Катица Ќулавкова избрана за потпретседател на Меѓународниот ПЕН
„Подарок за Скопје“ од Прокредит банка
Оргулите пристигнуваат во ноември во Скопје