Број 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Кирилицата е најголем бренд на Македонија

Иницијативата за зачувување на македонската кирилица ќе продолжи наесен

Невена Поповска

„Македонската кирилица е еден од нашите најголеми брендови со кои можеме да се гордееме и треба да ја чуваме и модернизираме. Кога ги поставувавме основните принципи на оваа кампања воопшто не се надевавме на толку голема поддршка од јавноста“, рече на вчерашната средба со новинарите Иво Лауренчиќ, директор на „Идеја плус комуникации“ и еден од иницијаторите на проектот „Го чувам своето - додека пишувам на кирилица, постојам“.

Ана Јанковска од маркетинг агенцијата „Идеја плус комуникации“ информираше дека проектот за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица бил планиран да заврши на 10 јуни, но поради големиот интерес на јавноста и залагањето на научната и експертска заедница, неговата реализација ќе продолжи од септември.

Кампањата, од 23 април до 10 јуни, се одвиваше на три нивоа под мотото „Го чувам своето - додека пишувам на кирилица постојам!“, во организација на Македонската информативна агенција и „Идеја плус комуникации“. „Направивме повеќе активности - од медиумска кампања на телевизија со краткиот спот на Влатко Стефановски со хорот ’Златно славејче’, огласи по весниците, трибини на тема ’Кирилицата и информатичката технологија’ и ’Кирилицата - Од каде доаѓа и каде оди’, голем музички хепенинг на Градскиот плоштад, емисии на тема кирилица“, рече Јанковска. „Избрана е и ’мис на кирилицата’, тоа е буквата ’Ж’. Сето тоа ни покажа дека има голем интерес и дека уште многу може да направиме на оваа тема. Од септември размислуваме да направиме неколку емисии на тема кирилица, изложба, издавање публикација за одржаните трибини, потоа ќе аплицираме кај УНЕСКО за добивање поголем број фонтови и да ги прошириме нашите дејности“.

За популаризација на иницијативата беа изработени промотивни материјали-рекламни паноа, постери, маички, папки, тетратки, пенкала, објавен е и конкурс за изработување правилен македонски компјутерски фонт, кој заради можноста од пристигнување на што поголем број квалитетни решенија ќе продолжи и во следниот период, а избраните фонтови ќе можат бесплатно да се користат. „Оваа иницијатива немаше да успее без огромната поддршка на пријателите на кирилицата. Тие учествуваа со свои идеи и предлози со што на оваа иницијатива и даде нова дополнителна вредност која придонесе за поквалитетни решенија“, рече на средбата со новинарите директорот на МИА и коиницијатор на кампањата, Љупчо Јакимоски.

Македонската музичка легенда Влатко Стефановски, за промоцијата на кирилицата напиша специјална песна што ја отпеа заедно со детскиот хор „Златно славејче“. За Стефановски „претставува задоволство што е дел од оваа значајна кампања која се занимава со давање подршка или зачувување на се што е наше обележје, бидејќи, како што рече, без јазикот и нашето писмо нема шанси да зборуваме за никаков идентитет. Тука влегува и културата и театарот и печатените и електронските медиуми и музиката“.

На пријателите на проектот „Кирилица“, меѓу кои се вброија Влатко Стефановски, Ласко Џуровски од Дизајн-студиото „Тотем“, Илијанчо Гаговски од „Мајкрософт“, „Мекдоналдс“ и Стопанската комора на Македонија, организаторите им доделија благодарници во знак на почит за нивниот несебичен придонес.


#
Статијата е прочитана 1071 пати.

Испрати коментар

Од: мене
Датум: 24.06.2008 10:33:02
А што се случи со конкурсот за кириличен фонт!? Ветуваа награди до 1000€ а еве веќе две недели доцнат со резултатите. Можеби се пишманија од давање награди? Ако имаа слаб одзив на конкурсот или не им се допаднаа приложените фонтова не значи дека треба кукавички да молчат и да „се прават на тошо“.

Најди! во Утрински
Култура
Кураторски проект и концерт на „Скопско лето“
Филм за Борис Трајковски во Кинотека
Хераклеја доби осветление и електронска заштита
Почнува битолскиот фестивал на монодрамата
Стоби - училиште за студенти од Палестина и Македонија
„Хасанагиница“ – претстава за еманципацијата на Балканот

"""