Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Кураторски проект и концерт на „Скопско лето“

Во рамките на „Скопско лето“, вечерва ќе се случат два настана од областа на музиката и сликарството. На Факултетот за ликовна уметност (Сули-ан) во 21 часот концерт ќе одржат Женскиот младински хор и Мандолинскиот оркестар при Младинскиот културен центар, под диригентство на Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Скаловски, Прокопиев, Бах, Вивалди, Глук... Концертот ќе заврши со перформансот „Од мома до невеста“ чија музичка обработка ја направи Сашо Ливрински, сценското обликување е на Ивона Опетческа-Татарчевска, како солист на кавал ќе се претстави Јордан Митев, додека солист на тапан е Бајса Арифовска.

Во 19,30 часот, пак, па се до 21,30, ќе се случува кураторскиот проект „Автореференца/Самоиронија“ на ДЛУМ, чија цел е да се промовираат јавните градски површини преку уметнички акции и перформанси. Проектот, чиј куратор е Нада Пешева, вклучува тројца млади автори од македонската ликовна сцена кои на различни локации, односно на три пешачки пункта, ќе постават свои инсталации. Во 19,30 часот на булеварот „Св. Климент Охридски“ ќе биде поставена инсталацијата „Помеѓу двете цркви“ на Оливера Бендеска-Чавриќ, потоа во 20,30 часот на платото пред Домот на АРМ ќе биде поставена инсталацијата „Исповедите на еден јадач на колачи“ на Ѓорѓи Јовановиќ, додека во 21,30 часот на плоштадот „Македонија“ посетителите ќе може да ја видат инсталацијата „Јас и моите пријатели“ на Методија Ангеловски. (Т.И.)


Статијата е прочитана 128 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 24.06.2008 07:18:56
Bravo za uste edno Skopsko leto

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Филм за Борис Трајковски во Кинотека
Хераклеја доби осветление и електронска заштита
Почнува битолскиот фестивал на монодрамата
Стоби - училиште за студенти од Палестина и Македонија
„Хасанагиница“ – претстава за еманципацијата на Балканот
Кирилицата е најголем бренд на Македонија