Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Почнува битолскиот фестивал на монодрамата

БИТОЛА - Од денеска па во наредните шест дена Битола по десетти пат ќе биде домаќин на Фестивалот на монодрамата кој единствен во државата го афирмира актерот како индивидуа.

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 19,30 часот во малата сала на Центарот за култура, со промоција на монографијата „Десет години на фестивалот на монодрамата“ од авторот Тодор Кузманов, која претставува ретроспектива на се што се случувало на сцената во Битола во изминатата деценија. Потоа, 20,30 часот во фоајето на Народниот театар ќе биде отворена изложба на театарски плакати и скици на Крсте Џидров создавани од 1982 до 2007 година, каде авторот умешно и успешно направил спој на сите плакати што ги работел за македонските театри. Свеченото отворање ќе биде крунисано со монодрамата „Филип Втори“ која е надвор од конкуренција, во изведба на македонскиот актер Петар Темелковски.

Годинава, на фестивалот доаѓаат претстави од сите страни на светот. Програмата е збиена и ќе се играат по три претстави во денот на повеќе сцени во Центарот за култура и во Битолскиот театар. Инаку, програмата започнува утре со Монобалетот „Марсиас“, „Амаргура“ и „Индијанска Симфонија“ во изведба на Артуро Васкез од Мексико, а истата вечер ќе бидат одиграни и монодрамите „Мухамед вози велосипед“, дело на актерот Даниел Лудвиг од театарот „Келер 62“ од Цирих, Швајцарија, како и „Хамлет“ во изведба на актерот Хаик Зорикјан од Ерменија.

Во останатите денови битолската публика ќе може да проследи монодрами од Германија, Албанија, Косово, Македонија, Австралија, Австрија, Бугарија, Русија. Играта на актерите ќе ја оценува петчлено интернационално жири предводено од доајенот на монодрамата Нина Мазур.

Фестивалот годинава е финансиран од Министерството за култура со буџет од 600 илјади денари. (А.Б.)


Статијата е прочитана 97 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Кураторски проект и концерт на „Скопско лето“
Филм за Борис Трајковски во Кинотека
Хераклеја доби осветление и електронска заштита
Стоби - училиште за студенти од Палестина и Македонија
„Хасанагиница“ – претстава за еманципацијата на Балканот
Кирилицата е најголем бренд на Македонија