Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Јадранка Косор е нов хрватски мандатар

Месиќ смета дека на новата влада ќе и' биде тешко да го издржи мандатот до крај

ЗАГРЕБ - Хрватскиот претседател Стипе Месиќ, по консултациите со претставниците на сите партии, и откако Јадранка Косор му врачи доказ за потребното мнозинство во Соборот, мандатот за составување на хрватската влада и' го даде на Јадранка Косор.

„Очекувам дека новата влада ќе води решавачка политика без какви било резерви“, истакна Месиќ. Идната премиерка Јадранка Косор најави дека новата влада, за која очекува дека Соборот денес ќе изгласа доверба, веднаш ќе почне да работи на „важните работи кои се пред нас“. Тоа, пред се', е изгласување на новиот ребаланс на буџетот, потоа решавање на спорот со Словенија и деблокада на пристапните преговори со ЕУ, продолжување на спроведувањето реформи, во прв ред реформа на државната управа, и понатамошна борба против корупција. Косор изрази надеж дека сите важни работи ќе ги изврши до крајот на годината, и дека седниците и работата на Соборот ќе завршат во уставниот рок до 15 јули. Во име на идната влада Косор порача дека се надева оти ќе ја оправда довербата што и' е дадена.

По консултации со претседателот Степан Месиќ, Радимир Чачиќ и Весна Пусиќ од ХНС изјавија дека нема да ја поддржат Јадранка Косор како нов мандатар за состав на хрватската влада. Потоа Месиќ ги прими претставниците на ХСЛС, а Ѓурѓа Адлешиќ, по консултациите изјави дека нејзината партија и' дала поддршка на Јадранка Косор за мандатар, при што искажа уверување дека Косор ќе го добие мандатот за составување на владата. Јосип Фришчиќ (ХСС), исто така, изрази надеж дека Месиќ ќе и' го даде мандатот за составување на владата на Јадранка Косор. Тој смета дека таа може да ја држи владата во целина, бидејќи не е нова во политиката.

Претседателот на СДП, Зоран Милановиќ, и неговата партиска колешка Миланка Опачиќ се согласија со Радимир Чачиќ дека новата влада нема легитимитет. Тие повторно истакнаа дека единствено решение на новонастанатата ситуација е распишување предвремени избори.

Месиќ смета дека на новата влада ќе и' биде тешко да го издржи мандатот до крај, со оглед на многубројните проблеми со кои е соочена Хрватска, од кастрењата што не се направени до големите финансиски обврски кон државата. Сепак тој најавува поддршка за новиот премиер, пишува ХРТ. Пред консултациите за составување нова влада, претседателот Месиќ изјави: „Како и досега, со задоволство ќе соработувам со премиерите. Особено што сега се наоѓаме во многу тешка ситуација, во криза која не е само домашен производ туку во добар дел е увезена“. Тој смета дека Санадер не би требало да се смета за кукавица поради наглото заминување и повтори дека е изненаден од неговата одлука, бидејќи верувал дека Санадер ќе го одработи мандатот до крај.


Статијата е прочитана 226 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама во Москва доаѓа со компромис за ракетниот штит
Американските држави го суспендираа Хондурас
Бојко Борисов како бугарски народен суперхерој
Бугарија избира нов парламентарен состав
Киднапирани 16 работници на ОН во Авганистан
Турски генерали против законот за воен суд