Лејди Гага на 5 ноември во Загреб
Една од највозбудливите и најконтроверзни изведувачи Лејди Гага ќе одржи концерт во Арена во Загреб на 5 ноември, како дел од нејзината турнеја „The Monster Ball“. Дваесет и четиригодишната пејачка, која ја нарекуваат Мадона на 21 век, чии хитови редовно се во врвот на топ-листите, ќе приреди досега невиден продукциски спектакл во главниот град на Хрватска, објавија тамошните организатори. Гага ќе пристигне во Хрватска со 70 тони опрема, а во продажба ќе бидат пуштени околу 10.000 влезници за концертот, чија цена ќе варира од 50 евра, па нагоре. |