Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ВИТНИ ХЈУСТОН

Ја издаде гласот на концертот во Лондон

Витни Хјустон, која ја занемари својата музичка кариера поради зависноста со кокаин, во неделата одржа свој повратнички концерт во Лондон. Витни се врати, но без својот глас. Во текот на настапот пред 20.000 будни посетители, пејачката не можеше да ги погоди високите тонови, кои некогаш со неверојатна леснотија ги пееше и сјаеше кога и да се појавеше на сцената. За лошата изведба ги обвини лошата климатизација во лондонската „О2 арена“, а многумина сведочат дека таа толку многу се потела од маки што им требало чадори на луѓето во првите редови.

Витни пред публиката го нарече својот глас „мојот пријател сопран“. „Сакам да отпеам, но мојот пријател сопран не сака да излезе. Дури станува и малку темпераментен“, со извинување се изјаснила пред публиката, која масовно почнала да го напушта концертот. Многумина на излезот на настанот коментирале дека целото збиднување било „тотално промашување“, а пејачката не била ниту сенка на себеси од пред 20 години.


#
Статијата е прочитана 1135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Елена за сефте во Софија
Лејди Гага на 5 ноември во Загреб
Слабејте со рецептите на Дукан
Македонецот Боби Андонов- победник на шоу во Австралија
Нарачала 20 слики со својот лик
Британската ѕвезда ќе му пее на папата Бенедикт XVI?
Отпуштена среде снимање