Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Слабејте со рецептите на Дукан

Револуционерната диета „Дукан“ се базира на протеини и никогаш не ги враќа изгубените килограми

Угледниот француски нутриционист д-р Пјер Дукан, чија револуционерна диета „Дукан“, за која пишувавме во еден од неодамнешните броеви на весникот и која со молскавична брзина го обиколува светот, состави список со над 350 рецепти. Диетата „Дукан“, за разлика од многу други диети што доаѓаат и си одат, дизајнирана е да влезе во главата на тој што ја практикува. Таа ветува значителна загуба на килограми додека се јадат неограничени порции омилена храна. Популарната диета, во суштина, се состои од четири различни програми што произлегуваат една од друга, а во својата основа ги имаат протеините. Почнува со драматична загуба на килограми и води кон структуриран, но долгорочен режим на исхрана, кој никогаш не ги враќа изгубените килограми. Во продолжение ви пренесуваме неколку рецепти на Дукан кои може да ви дадат добра идеја за почеток и осмислување нови и интересни јадења.

Мисирка со праз и сирење

Состојки: филе од мисиркини гради, 2 големи страка праза, половина колбас, 1 главица кромид, тврд кашкавал, зачини (оригано, лук во прав, босилек).

Обложете го плехчето за печење со алуминиумска фолија, посипете го со зачини. Ставете го филето од мисирка исечено на парчиња и додадете пак зачини. Исечкајте го празот и ставете го врз месото. Свиткајте ја фолијата за да се покријат сите состојки и боцнете неколку дупчиња со чепкалка.

Оставете да се пече околу 30 минути на 180 степени. Во меѓувреме, исечкајте го кромидот и колбасот и динствувајте ги во тавче. По 30 минути, извадете го плехчето од рерна, отворете ја фолијата и додадете ги кромидот и колбасот. Вратете го во рерна и печете со отворена фолија уште 20 минути. На крај, изрендајте кашкавал и запечете.

Пилешко со сирење и лук

Состојки: филе од пилешки гради, 1-2 лажици крем-сирење, зачини (оригано, лук во прав).

Направете џебови во пилешките гради и наполнете ги со крем-сирење. Обложете го плехчето за печење со алуминиумска фолија, посипете го со зачини, ставете ги градите и одозгора наросете со зачини. Затворете ја фолијата и направете неколку дупчиња.

Ставете го плехчето со месо да се пече во рерна 30 минути на 150 степени. По 30 минути, одвиткајте ја фолијата и печете уште 10-15 минути на 180 степени се' додека месото не добие боја.

РаженЧиња од телешко месо

Состојки: 400 г телешко месо, 50 мл соја сос, 2 лажички сенф, 1 лажичка оцет од јаболко, мајчина душичка, лавров лист, 50 мл свеж сок од лимон, 1 лажичка растително масло.

Исечете го месото на средни коцки, измешајте го со останатите состојки и оставете го да отстои неколку часа во фрижидер. Извадете го надвор и распоредете го на четири стапчиња, па ставете ги да се печат. По желба, меѓу месото, можете да додадете и парчиња домати, печурки, пиперки и кромид.

Туна со три вида пиперки

Состојки: 700 г парчиња туна, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 жолта пиперка, сок од 2 лимона, 2 чешниња лук, сол, црн пипер.

Измијте ги пиперките, исечете ги на половина и отстранете го семето. Печете ги во рерна 5 минути на 180 степени, а потоа извадете ги и ставете ги во пластична кеса да отстојат 10 минути, па потоа излупете им ја кожата. Парчињата туна ставете ги во лесно подмачкано тефлонско тавче и пропржете ги неколку минути. Додадете малку вода и гответе ги уште 20 минути.

Измешајте го сокот од лимон, лук и пиперки. Штом е туната готова, оставете да се олади и потоа маринирајте ја во сосот. Оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа и послужете ја ладна.

Мафини од овесни снегулки

Состојки: 1 јајце, 1 лажичка засладувач, 3 супени лажици овесни снегулки, 1 лажичка прашок за печиво, 2-3 лажици млеко или јогурт.

Измешајте ги сите состојки се' додека не добиете компактна маса. Смесата ставете ја во калап за печење (или во мали калапи за печење), загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги околу 15 минути.


#
Статијата е прочитана 1176 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Елена за сефте во Софија
Лејди Гага на 5 ноември во Загреб
Македонецот Боби Андонов- победник на шоу во Австралија
Нарачала 20 слики со својот лик
Ја издаде гласот на концертот во Лондон
Британската ѕвезда ќе му пее на папата Бенедикт XVI?
Отпуштена среде снимање