ЕЈМИ ВАЈНХАУС
Нарачала 20 слики со својот лик
Уметникот Сем Шејкер е стар пријател на познатата пејачка Ејми Вајнхаус. Таа излегуваше во неговиот клуб „The Jazz After Dark“ , додека воопшто не беше популарна. Пејачката го замолила стариот пријател да направи серија слики од неа и од нејзиното семејство. Последна од низата на тие дела е сликата од Ејми и Блејк Филдер-Цивил, која пејачката ја нарача за да му покаже и докаже на светот дека се повторно заедно.
„На секое дело е Ејми, но сакам да ја сликам така што секој пат ќе изгледа малку различно од претходната, бидејќи секогаш се обидувам да прикажам некоја друга нејзина емоција“, рече најомилениот сликар на Вајнхаус, Сем Шејкер.
На славната пејачка толку и' се допаднале сликите на Сам, па освен 14-те готови слики, го замолила уметникот да направи уште шест, меѓу кои е и сликата со Блејк. „Рече дека ги обожава моите слики и да направам уште една со неа и Блејк. Кога ги завршив, го доведе Блејк и го водеше од слика до слика. Тој, исто така, ги пофали сликите, беше презадоволен“, кажа Сем. Шејкер ги портретираше и другите членови на семејството Вајнхаус. Ја наслика бабата на Ејми во периодот пред нејзината смрт, а на татко и' толку многу му се допадна неговиот сопствен портрет што си го закачи во својот дом.
22Сликарот Сем Шејкер се занимава со овој занает веќе 50 години, но раскажува дека никогаш немало интерес за купување на неговите дела, никој не ги сакал ни како подарок. „Тогаш во мојот клуб почна да доаѓа Кејт Мос. Направив еден нејзин портрет и оттогаш сите доаѓаат и ги посакуваат моите слики“, го опиша уметникот својот пат до славата. |