Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ЛИНДЗИ ЛОХАН

Отпуштена среде снимање

На глумицата Линдзи Лохан во последно време ништо не и' оди од рака. Освен што има финансиски проблеми, пред извесен период татко и' и' доведе полиција на врата, а сега се рашири веста дека Ли-Ло е отпуштена од снимањето на новиот филм.

Проблематичната актерка требаше да го отелотвори ликот на студентка, која работи на еден напуштен остров во филмот „Другата страна“, но продуцентите, како што тврдат изворите, одлучиле да ја отпуштат Линдзи, затоа што нејзиното име не било вистинската гаранција за успехот на проектот. Сценаристот и режисер на филмот, Дејвид Мајклс, беше особено дипломатичен кога објаснуваше зошто повеќе не соработуваат со Линдзи. „Нашиот тим едноставно направи чекор повеќе од Лохан. На филмот повеќе ја нема, а наскоро ќе се објави и актерката која ќе ја замени“, рече Мајклс. Во филмот ќе глумат и Вуди Харелсон, Џовани Рибиси и пејачката Аланис Морисет.

Улогата која Ли-Ло требаше да ја одигра во првичниот план беше наменета за Британи Марфи, која почина од воспаление на белите дробови минатата година. Линдзи се нема појавено во добар филм уште од 2006 година, кога критиката го пофали проектот „Боби“, а добро заработи и на киноблагајните. Нејзиниот последен филм „Знам дека ме уби“ од 2007 година беше едно големо фијаско.


#
Статијата е прочитана 1177 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Елена за сефте во Софија
Лејди Гага на 5 ноември во Загреб
Слабејте со рецептите на Дукан
Македонецот Боби Андонов- победник на шоу во Австралија
Нарачала 20 слики со својот лик
Ја издаде гласот на концертот во Лондон
Британската ѕвезда ќе му пее на папата Бенедикт XVI?