Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика
Наезда од муви во Црвени Брегови



НЕГОТИНО - Жителите на неготинското село Црвени Брегови се соочуваат со наезда од муви. Стравуваат дека може да се појават заразни болести, бидејќи, како што велат, нивните деца биле искасани од овие инсекти.

„Не можеме да пречекаме гости. Мувите го загадуваат јадењето. Срамно е каде живееме. Не можеме од муви да ги завршиме работите. Ако седнеме да нижеме тутун, тие се насекаде околу нас, не' касаат. Што да правиме, да нижеме тутун или муви да тепаме“, се пожалија жители од Црвени Брегови.

Сликата во селото е повеќе од загрижувачка. Нема канализација, септичките јами се отворени, мувите влегуваат во нив, а потоа лазат врз се'. Жителите јавно побараа помош од надле��ните во справувањето со наездата на муви.

Славчо Ристов, инспектор за животна средина, вели дека мора да се провери дали постои некое жариште од кое доаѓаат мувите или тие се проблем за целиот регион. Ристов напомена дека за кусо време е потребно прскање со инсектициди против неканетите гости. (А.Д.)

#
Статијата е прочитана 1536 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonija
Датум: 16.08.2010 00:39:09
По се изгледа освен Скопје ке треба да се прскат цела Македонија,како некогаш што се прскало после ратот.Ова како остаток на биллошките војни кои се воделе,или уште се водат...те крлежи,муви,комарци,абе билошкиов рат требе да престане во Македонија веке еднаш.Срамно е прскајте Македонија не е само Скопје..Нека земаат данок и за прскање....и да престанат да е водат истата песна како што беше во Бугарија пред влегувањето во ЕУ и НАТО...и таму ги имаше истите проблеми...билошки рат...за со помалку население да се влезе..нели...Сакам правда и мразам кукавици кои си го убиваат својот народ..па било и за влегување во ЕУ или во Едемската градина.
Од: provincijalec
Датум: 16.08.2010 06:36:25
Проблемот со мувите и инсектите во оопшто не се проблем само во Црвени Брегови.Со истиот се соочуваме и ние во Кочанскиот крај посебно по селата.А за наездата од комарци и да не зборуваме.Пред новата територијална поделба редовно се прскаше (авионски) додека сега бидејки помалите опш��ини немаат пари цели 20 години не е прскано.За џабе ни се убавите куќи и дворови во селата кога не можеме како луѓе да излеземе и да седеме во нив.
Од: Стојко
Датум: 16.08.2010 10:32:03
Со прскање се уништуваат малите птици кои ги јадат мувите. Истовремено се трујат луѓето и околината. Наезда на муви е сигнал дека рамнотежата во природата е нарушена, Најдобар одговор е да се престане со прскање и да се штитат природните непријатели на штеточините!

Најди! во Утрински
Политика
На Клиниката за онкологија повторно лекови со поминат рок?!
Манастирот Бигорски добива автентичен лик
Се обновува црквата во Ростуше
Без вода и кичевскиот градоначалник
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (10)
Пеколна пустелија
Македонско сирење на гурманско мени