Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Манастирот Бигорски добива автентичен лик

Се очекува до 11 септември, патрониот празник, целосно да заврши зафатот во манастирскиот комплекс

Киро Кипроски

„СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ“ - Манастирот „Свети Јован Бигорски“ го добива автентичниот лик. Со донации на верници, фирми, иселеници, финализира изградбата на источен палат, што ги поврзува Долниот и Горниот палат. Манастирскиот комплекс се заокружува во една целина, како што изгледал во 19 век. Се очекува до 11 септември, патрониот празник на Бигорскиот манастир целосно да завршат работите и тогаш да се изврши осветување.

Петнаесетина монаси на Бигорскиот манастир во наредните денови ќе се сместат во новоизградените простории. Како што е познато, ќелиите со целиот имот на монасите, облеката, обувките и книгите изгореа во пожарот што избувна лани на 30 септември во горниот дел од Бигорски. Пламените јазици ги проголтаа и во пепел ги претворија машката трпезарија, галеријата за икони, кујната, библиотеката, гостинските одаи, магацинот.

Во богатата манастирска документација, архимандритот Партениј, игумен на Бигорски манастир, пронашол фотографии од неговиот претходник, игуменот Арсениј, кој бил насликан пред конаците на источен палат. При расчистувањето на просторот биле пронајдени и остатоци на ѕидови од монашки ќелии, што е доказ дека на овој простор имало конаци.

Источен палат, кој е на три ката, располага со 3.600 квадратни метри корисна површина. Тука има 20 монашки ќелии, параклис посветен на свети Никола, манастирска библиотека, саат-кула со зографилница висока десетина метри, магацински простор и репрезентативни одаи.

Од идниот месец, како што вели архимандритот Партениј, ќе се интензивираат работите за обнова на изгорениот Горен палат. Заводот за заштита на споменици ја подготовува обемната документација за реконструкција и изградба на манастирските конаци и на другите простории на Горен палат.

„Дозволата за изградба ја очекуваме кон средината на идниот месец“, најави архимандритот Партениј. Тој појаснува дека од првиот ден по пожарот почнала обновата на манастирските конаци. „Илјадници кубици отпадоци внимателно беа расчистени и положени во депонија. Успешно се санираа ѕидовите што останаа. Специјална фирма мошне квалитетно ги подготви темелите каде што се наоѓаше галеријата на икони и големата трпезарија. Опожарените дрвени греди на ѕидовите, над вратите и над прозорците се заменети со бетонски армирани греди. Така ѕидовите добија цврстина, како да се ново соѕидани“, вели архимандритот на Бигорски манастир и додава дека целиот зафат ќе заврши до крајот на идниот месец.

Потоа следува друга фаза - изградба на бетонска конструкција на целиот изгорен простор. Наредната година, пак, ќе се продолжи со поставување на дрвените елементи на надворешниот и внатрешниот дел, со санирање на сите инсталации, електрична, водоводна...


#
Статијата е прочитана 2722 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonija
Датум: 16.08.2010 00:22:14
Дали куртулија ЧЕШМИТЕ кој се гледаат и кои беа единствени такви чешми во Македонија на спотот од Манчевски....се разбира дека знаете на кои чешми мислам.Сигурно не се растопиле..Благодарност на сите што помогнале за обновата.Сепак тој е еден од најубавите манастири.Позз до утрински.
Од: Огнен од Скопје
Датум: 16.08.2010 13:53:55
Чешмите се под тремот на црквата, а таа, з�� среќа, не гореше, така што таму си се чешмите. Отиде прекрасната дрвенарија во горни палат, за кој се зборува во текстот. Читај..

Најди! во Утрински
Политика
На Клиниката за онкологија повторно лекови со поминат рок?!
Се обновува црквата во Ростуше
Без вода и кичевскиот градоначалник
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (10)
Пеколна пустелија
Македонско сирење на гурманско мени
Наезда од муви во Црвени Брегови