Се обновува црквата во Ростуше
РОСТУШЕ - Монасите на Бигорскиот манастир, заедно со православните христијани на селото, поведоа иницијатива за реконструкција на црквата „Света Богородица“ во долнореканското село Ростуше. По обновата, ѕидовите ќе бидат со поквалитетен материјал. Покривната конструкција ќе се замени, а во средишниот дел ќе има купола. Овие активности ќе придонесат за зачувување на црквата, иконостасот и неколкуте вредни икони изработени од прочуениот фрескосликар Дичо Зограф од селото Тресонче.
Ова духовно светилиште се наоѓаше во мошне лоша состојба. Покривот беше пропаднат, а ѕидовите нестабилни. Постоеше опасност од уривање на храмот изграден во 19 век, кој сведочи за македонското градителство и за црковниот живот во овој регион.
Во цен��ралниот дел на Ростуше пред повеќе од пет века била изградена црква посветена на мајката Божја, св. Богородица. Црквата ја запалиле османлиите, ја срамниле до темел и на тоа место изградиле џамија. Тогаш на поголем број од населението од Долна Река тие им ја смениле верата, од христијанска во муслиманска.
Во 19 век православното население на Ростуше изградило нова црква на друга локација. Поради многу влијанија и проблеми, црквата „Света Богородица“ последниот половина век била препуштена сама на себе, никој не водел грижел за тековно одржување, за поправки и санирање. (К.К.) |