Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Карзаи призна дека зел пари од Иран

Земањето пари од Авганистан бил „транспарентен“ процес

КАБУЛ - Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи призна дека неговиот кабинет примил готовина од Иран, но инсистира дека тоа е дел од „транспарентен“ процес. Карзаи реагираше на написот во „Њујорк тајмс“ дека Техеран им предал на помошниците на Карзаи торби полни со готовина. Готовината била наменета за унапредување на интересите на Иран во Кабул, се наведува во написот.

Сепак, Карзаи изјави дека парите не биле наменети за некој поединец, туку да се помогне работата на претседателскиот кабинет. На една конференција за печатот тој рече дека многу земји, вклучувајќи ги и САД, му дале пари на Авганистан на тој начин.

„Владата на Иран ни помагаше со петстотини, шестотини или со седумстотини илјади евра, еднаш или два пати секоја година, тоа е официјална помош“, изјави тој пред новинарите според новинската агенција АФП. Карзаи додаде дека за тоа прашање разговарал со претседателот Џорџ Буш кога тој бил на функција.

Во написот на „Њујорк тајмс“ пишува дека во август минатата година, на крајот од официјалната посета на Иран од страна на Карзаи, голема торба со евробанкноти му била предадена на шефот на кабинетот на Карзаи, Умар Доџаи, од иранскиот амбасадор во Авганистан, Феда Хусеин Малики. Тоа било дел од „таен, постојан прилив на готовина од Иран за да се купи лојалноста на Доџаи и да се унапредат интересите на Иран во претседателската палата“, се вели во написот, во кој се цитираат авганистански и западни претставници.

Официјални извори тврдеа дека исплатите во вкупен износ од неколку милиони долари се ко��истеле за да се платат авганистански политичари, поглавари на племиња, па дури и талибански команданти за да се осигури нивна лојалност.

Вчера иранската амбасада во Кабул остро го демантираше написот, опишувајќи ги тврдењата како „смешни и навредувачки“. „Такви неосновани шпекулации шират некои западни медиуми со цел да се збуни јавното мислење и да се уништат силните врски меѓу владите и нациите на исламските републики Авганистан и Иран“, истакна амбасадата во соопштението. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама и во Словенија
Марихуаната легална во Германија?
Свеската на Тони Блер премина во ислам
Не е прашање дали Обама ќе изгуби, туку колку
ЕУ отвора фронт против имигрантите
Моторцикл-бомба уби пет лица
Страв од ерупција на Моунт Мерапи
Колерата уби 250 лица
Европската десница бара референдум за прием на Турција






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU